Астрономија и астронаутика
По лансирањето LINK ќе го стигне телескопот Свифт, пред да се ‘закачи’ за него и да го подигне во повисока орбита
Еден мал американски стартап треба да изведе подвиг што досега никогаш не бил изведен во американската вселенска програма. Нивното роботизирано летало треба да стигне до телескоп стар повеќе од две децении, да го „улови“ во орбитата и да го оттурне на повисока и побезбедна височина за да му обезбеди уште најмалку пет години научна работа.
Објавено на 29.06.2026 - 18:00

Телекомуникации
Од 26 до 28 јуни 2026 година во Фридрисхафен, Германија, се одржа меѓународниот радиоаматерски саем HAM RADIO, најголемата радиоаматерска изложба во Европа. На саемот учествуваа околу 380 изложувачи, радиоаматерски организации и учесници на радио-бувљакот од повеќе од 30 земји, додека изложбата ја посетија над 10 000 посетители од повеќе од 50 држави.
Објавено на 29.06.2026 - 13:00

Телекомуникации
Во етерот постојат моменти кои ја надминуваат обичната радиодифузија и стануваат чиста историја. Еден таков момент се случи ноќеска, 27.6.2026 година на полноќ, кога по речиси еден век континуирано емитување, легендарниот предавател „Droitwich BBC“ на фреквенција од 198 kHz замина во вечен молк. Со неговото исклучување, згасна BBC Radio 4 на долги бранови, институција која со децении не само што беше извор на вести, туку и суштински дел од британскиот идентитет и последната безбедносна алка на оваа нуклеарна сила.
Објавено на 28.06.2026 - 19:00

Геологија
Нашата планета е динамична и постојано се менува, но ретко кога нејзината внатрешна моќ се манифестира со таква брутална и застрашувачка синхронизација како на 24 јуни во северна Венецуела. Во сеизмичка секвенца што ги шокираше и граѓаните и геолозите, земјата беше погодена од два разорни земјотреси во период помал од една минута. Првиот потрес, со магнитуда од 7.2, беше само морничава увертира. Точно 39 секунди подоцна, уследи главниот удар со магнитуда од 7.5. Оваа двојна игра на природата предизвика хаос, претворајќи ги зградите во главниот град Каракас во урнатини и принудувајќи илјадници преплашени жители да ја поминат ноќта под отворено небо. Но, што точно се случи под површината на Земјата?
Објавено на 26.06.2026 - 20:15

Енергетика
Денес е 26 јуни – Светски ден на ладењето. Воспоставен е 2019 година, а датумот е избран според роденденот на Лорд Келвин, познат по температурната скала.
Објавено на 26.06.2026 - 16:15

Информатика
Новите Мета очила ќе можат да се набават почнувајќи од 299 американски долари. Ова ги прави многу подостапни од очилата со Ray-Ban дисплеј од 800 долари, лансирани минатата година.
Објавено на 25.06.2026 - 21:45

Телекомуникации
Набљудување на термалниот радио шум на Месечината на 10,5 GHz
Објавено на 25.06.2026 - 01:30

Биологија
Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе успеваат да дочекаат длабока старост со неверојатна виталност, енергија и без сериозни здравствени маки? Долго време верувавме дека сè е во здравата исхрана, редовното вежбање и избегнувањето стрес. Но, најновите научни откритија укажуваат кон нешто поинакво. Се чини дека долговечноста е, пред сè, скапоцен „семеен подарок“ што се пренесува низ генерациите.
Објавено на 24.06.2026 - 19:45

Астрономија и астронаутика
На 18 ноември 2026 година, во 10 часот 16 минути и 7 секунди по македонско време, Војаџер 1 ќе стане првиот објект направен од човек што ќе се најде на оддалеченост од околу 25,9 милијарди километри, односно на еден светлосен ден од Земјата. Ова практично значи дека на радиосигналот упатен од Земјата, којшто се движи со брзината на светлината, ќе му бидат потребни цели 24 часа за да стаса до леталото. За одговор од леталото, пак, ќе бидат потребни дополнителни 24 часа. Секоја размена, накратко, трае речиси 48 часа.
Објавено на 24.06.2026 - 17:15

Медицина
Повеќе од еден век антибиотиците се едно од најмоќните оружја на медицината против бактериските инфекции. Но, постојат исклучоци, заболувања кај кои антибиотиците не само што не помагаат, туку можат и да ја влошат состојбата. Токму таков случај е инфекцијата предизвикана од одредени соеви на бактеријата Escherichia coli кои произведуваат Шига-токсин (STEC). Сега, едно ново истражување укажува дека генетската алатка CRISPR би можела да понуди сосема поинаков пристап во борбата против оваа опасна инфекција.
Објавено на 23.06.2026 - 19:00

Pages