Астрономија и астронаутика
Кометата C/2020F3 (NEOWISE) над Охридското Езеро, фото: Стојан Стојановски (Охридско астрономско друштво)
Астрономите аматери од Македонија, Радан Митровиќ (Скопско астрономско друштво) и Стојан Стојановски (Охридско астрономско друштво) веќе направија неколку одлични фотографии од оваа комета. Кометата е видлива и со голо око, но е навистина спектакуларна ако се набљудува со двоглед или, уште подобро, со телескоп...
Објавено на 12.07.2020 - 20:30

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме два настана од историјата на астронаутиката – лансирањето на првиот телекомуникациски сателит и падот на американската вселенска лабораторија Сајлаб. Покрај ова го славиме и денот на раѓањето на Никола Тесла.
Објавено на 11.07.2020 - 20:45

Омнибус
Демонстрација на високофреквентните струи со висок напон во лабораторијата во Колорадо Спрингс
Никола Тесла бил еден од најзначајните изумители, визионер кој е најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот калем. Зад себе оставил околу 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци. Бил почесен доктор на петнаесет...
Објавено на 10.07.2020 - 00:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на антропологот Франц Боас и ја одбележуваме годишнината од смртта на италијанскиот хемичар Амадео Авогадро. Исто така се сеќаваме на научно-фантастичниот филм Трон којшто воведе нови стандарди за употребата на компјутерската графика во доменот на филмот
Објавено на 09.07.2020 - 20:30

Физика
Набљудувајќи го огромниот универзум, астрофизичарите неколку децении се соочуваат со еден фрустрирачки проблем – недостигот на половина од количеството на т.н. барјонска материја (baryon matter).
Објавено на 09.07.2020 - 12:30

Информатика
Замислете да можете да го скратите времето што секој ден го поминувате на администрирање на безбедноста за 90%, а истовремено да го намалите за 85% бројот на безбедносни инциденти што треба да се истражат. Звучи премногу добро за да биде вистина, нели?
Објавено на 09.07.2020 - 11:15

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме раѓањето на хрватско-американскиот математичар Вилијам Фелер, на пионерот во програмирањето Жозеф-Мари Жакар и на МП3 форматот. Покрај ова ја одбележуваме годишнината од смртта на германскиот хемичар Јозеф Лошмидт.
Објавено на 08.07.2020 - 22:15

Аеронаутика
Модел Rc Фока-4
Воздухопловната едрилица SZD- 24-4 Фока беше дизајнирана во 1960 година, за натпреварување во класата едрилици Стандард, како и за акробатско летање. Појавата на ова едрилица предизвика восхит поради нејзиниот аеродинамичен изглед, елеганцијата и удобното сместување на пилотот во полулежечка состојба. Со едрилицата Фока првпат се запознав во 1967 година, на Државното првенство во едриличарство во Вршац.
Објавено на 08.07.2020 - 16:30

Телекомуникации
Во рамки на проектот за дигитализација на телефонските говорници, преставен во Научно-технолошкиот парк во Белград, главниот град на Србија наскоро ќе добие мрежа од паметни телефонски говорници. Првите 50 телефонски говорници ќе бидат поставени во централните белградски општини.
Објавено на 07.07.2020 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ја одбележуваме годишнината од смртта на германскиот физичар Георг Ом, познат по омовиот закон којшто ја објаснува врската помеѓу напонот, отпорот и јачината на електричната струја. Покрај ова ја славиме годишнината од објавувањето на едно од капиталните дела на физиката, Математички принципи на природната филозофија од сер Исак Њутн.
Објавено на 06.07.2020 - 22:30

Pages