Едно истражување во коешто учествуваа повеќе од 100 000 луѓе со дијабетес тип 2 (Т2Д), покажа дека отпорноста на инсулин е поврзана со појавата на мозочен удар. Истражувањето беше претставено на годишниот состанок на Европската асоцијација за проучување на дијабетес оваа година, која беше одржана онлајн.
Отпорноста на инсулин, неможноста на клетките на телото правилно да го детектираат инсулинот со што полесно би ја презеле гликозата од крвта, е клучна карактеристика на Т2Д. Притоа нивоата на резистентност се разликуваат од пациент до пациент. Истражувањата на д-р Александар Забала и неговите колеги од Институтот Каролинска, од Универзитетот Гетеборг и од Националниот регистар за дијабетес во Шведска, покажале дека колку што е поголема инсулинската резистенција, толку е поголем и ризикот од мозочен удар.
Како мерка за отпорност на инсулинот Д-р Забала ја користел проценетата стапка на отстранување на гликозата (estimated glucose disposal rate – eGDR). Имено, уште претходно се покажало дека eGDR е добар показател за отпорноста на инсулин. Индексот за eGDR се пресметува со употреба на формула во којашто се зема предвид обемот на половината на пациентот, просечното ниво на шеќер во крвта (HbA1c) и дали пациентот има висок крвен притисок. За пресметката на eGDR биле искористени здравствените досиеја на 104 697 пациенти со Т2Д во Шведска. Учесниците имале просечна возраст од 63 години, а 44,5% од нив биле жени. Сите биле следени во текон на 5,6 години, во просек. Во овој временски периот 4 201, односно 4% од пациентите имале мозочен удар.
Анализата открила дека со зголемувањето на инсулинската резистенција кај една личност, се зголема веројатноста за мозочен удар. Оние со најниска отпорност на инсулин, и највисок eGDR, имале 40% помали шанси да добијат мозочен удар од оние со највисок отпор на инсулин. Предвид биле земени и возраста, нивото на холестерол, пушењето, срцевите заболувања и другите традиционални фактори на ризик за мозочен удар.
Студијата исто така открила дека повисоката отпорност на инсулин е поврзана со и со поголем ризик од смрт по мозочен удар. Оние со најнизок отпор имале 28 пати помалку шанси да умрат по мозочниот удар наспроти ние со најтешка отпорност на инсулин. Понатамошната анализа покажала и дека високиот крвен притисок е посилно поврзан со ризикот од мозочен удар отколку обемот на половината или HbA1c.
Како заклучок авторите ќе кажат: “Откривме дека кај лицата со дијабетес тип 2, ниското eGDR, кое е едноставна мерка за отпорност на инсулин, е поврзано со зголемен ризик од мозочен удар и смртност“.
Тие очекуваат ова истражување да најде примена во денешната персонализираната медицина, каде терапијата се оптимизира по терк на секој од пациентите, индивидуално, како и дека ќе придонесе за нови истражувања во доменот на дијагностиката, третманот, негата и превенцијата.