Рубрика: Информатика
Десетто јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge
Објавено на 28.09.2021 - 10:15

Најголемиот глобален хакатон во светот – NASA Space Apps Challenge, кој овој пат се одржува јубилејно по 10-ти пат, од 1-ви до 3-ти октомври 2021 година, ќе донесе можност за двајца учесници да отпатуваат во посета на NASA. За потсетување, NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градители, уметници, технолози кои, организирани во локални тимови, ќе работат 48 часа за да ги решат овогодинешните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Од своето основање во 2012 година, NASA Space Apps Challenge вклучи повеќе од 150 000 учесници во преку 150 земји, кои ги користеа отворените податоци на НАСА со цел создавање на решенија кои ќе го подобрат животот на Земјата и во вселената, а настанот кај нас редовно се одржува од 2013-та година со традиционална поддршка на Амбасадата на САД во Скопје како и на локални компании, експерти, професори и ентузијасти. 

“The power of ten” – 10 години NASA Space Apps Challenge 

Во чест на јубилејната 10 годишнината на NASA Space Apps Challenge, најголемиот хакатон во светот, темата на настанот ќе биде “The power of ten”. Оваа година, NASA ќе одбележи десет неверојатни години на заедништво, соработка и решавање предизвици преку формирање на моќен тим од 10 меѓународни вселенски агенции, кои ќе работат заедно со цел Space Apps да биде достапен за уште повеќе заедници ширум светот. 

 

Можност за учество и регистрација 

Пријавувањето е во тек и ќе биде отворено сè до петок, 1.10.2021. Регистрирањето може да го направите индивидуално доколку немате свој тим, или пак како член на тим преку овој линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9.   Се охрабруваат да се придружат сите страсни решавачи на проблеми – студенти, експерти, инженери, креатори, уметници и раскажувачи... Додека некои од нашите предизвици се технички, други ве поттикнуваат да ги користите вашите уметнички вештини, вашата деловна остроумност и вашата младешка имагинација! Со други зборови, не треба да бидете програмер или експерт за податоци за да бидете дел од NASA Space Apps. Всушност, најразновидните тимови честопати се најуспешни.   

Имајќи ја предвид пандемијата на ковид-19 и во интерес на здравјето и безбедноста на нашата глобална заедница, овогодинешниот хакатон ќе биде целосно виртуелен настан, но доделувањето на наградите за победниците ќе се организира во живо во Скопје, за што деталите ќе бидат дополнително објавени. 

Теми и предизвици на натпреварот

За секој Space Apps хакатон, експерите од NASA презентираат предизвици со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите како и со тимови од други локации кои работат на истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување на идеи и мислења.

Предизвиците се вкупно 48 на број, од повеќе различни области како AI/ML (2), Apps (4), Data Organization (4), Game (3), Hardware (2), Knowledge (7), Moon (3), Risk (4), Science Applications (9), Space Travel (7), Youth-friendly (3), а детално може да ги разгледате на следниов линк https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/

 

Натпреварувачки категории и награди – Патување во NASA и набљудување на лансирање на ракета 

Во чест на 10 годишнината, NASA додададе 4 нови категории, а воедно со тоа и можност вкупно 10 победнички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде и токму твојот) да отпатуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат лансирање на вселенско летало! Дополнително, 2 члена од нашиот победнички тим на национално ниво, со поддршка на локалните партнери и спонзори, ќе ја добие истата можност. 

Повеќе информации може да добиете и на заедничката инфо средба предвидена за среда, 29 септември од 19:30 часот на следниот линк:  https://us06web.zoom.us/j/87282591595?pwd=Z1RCNC9hVE5uRmxLV0lTQkVUdjBtZz09  Во рамки на подготовките за националното учество на најголемиот глобален хакатон во светот – NASA Space Apps Challenge, специјално за младите девојки и жени кои веќе се пријавени или сè уште размислуваат за учество организираме и “CareerTalk: GIRLS in Space and Science“ кој ќе се одржи на 29 септември 2021, од 18:00 до 19:00 часот на кој со нашите гостинки говорници ќе зборуваме за интересни теми:

1. Ирена Чаушевска Даниловска – „Што значи да се учествува на натпревар за иновации за Вселената и Земјата како што е NASA Space Apps Challenge?“

2. Изабела Христовска – „Како да го направите вистинскиот кариерен избор и кои предизвици стојат на патот?“

3. Тамара Колиада - „Како да извлечете максимум од учеството на хакатон и да имате што подобар резултат?“

4. Христина Хаџиева – „Девојките во светот на технологиите – Храбри или сонувачки?“ 

„CareerTalk: GIRLS in Space and Science“ е отворен и бесплатен настан, и приклучувањето можете да го направите на следниот линк: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK/videos/401073975064641/  

 

Редовни дополнителни информации може да добиете на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https://www.facebook.com/NewMansBA