Откритието на две галаксии ги направи астрономите да се прашуваат колку уште објекти е можно да се наоѓаат скриени зад космичките облаци прашина во вселената. Но, уште побитно, укажа и дека пописот на објекти во нашиот локален универзум е сè уште нецелосен.
Сосема случајно, меѓународен тим истражувачи откри две скриени галаксии во навидум празен простор на небото. Едната од нив е барем засега најдалечната темна галаксија што е детектирана.
Шематскиот приказ на резултатите од ова истражување покажува две скриени галаксии. фото: ALMA (ESO/NAOJ/NRAO), NASA/ESA Hubble Space Telescope
Галаксиите скриени зад огромните облаци прашина од вселената беа откриени по нивното зрачење. Сигналите беа откриени со помош на радиотелескопот АЛМА со којшто истражувачите се обидувале да набљудуваат сосема различни цели.
Со оглед на тоа што на светлината и треба долго време да патува до Земјата, направените слики покажуваат како овие галаксии изгледале пред 13 милијарди години, па од нив можат да се добијат детали за раниот универзум. Интересно е што овие објекти не се разликуваат толку многу од типичните галаксии во истата епоха, единстено што ги разликува е тоа што тие беа скриени зад космичкиот облак.
Далечните галаксии “фатени” од ALMA, вселенскиот телскоп Хабл и телескопот VISTA на ЕСО. Зелената и портокаловата боја ги претставуваат, соодветно, емисиите од јонизирани јаглеродни атоми и од честички прашина забележани со помош на ALMA додека сината боја ја преставува емисијата во блиското инфрацрвено подрачје набљудувано со телескопите VISTA и Хабл. Фото: ALMA (ESO/NAOJ/NRAO), NASA/ESA Hubble Space Telescope, ESO, Fudamoto et al.
Истражувачите се надеваат дека со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб и на опсерваториската мрежа АЛМА, ќе бидат во можност да го прошират пописот на познати галаксии од раниот универзум со галаксиите кои во моментов недостасуваат. Откритието беше објавено неделава во Nature.