Историја и археологија
Висорамнините на Колумбија изнедрија неочекувана мистерија. Имено, анализирајќи ги остатоците од тела на луѓе, стари околу 6000 години и пронајдени во овој регион, научниците откриле ДНК каква што досега не е видена никаде – остатоци од изгубена човечка лоза кои се генетски неповрзани со кој било жив човек.
Објавено на 09.06.2025 - 14:30

Енергетика
ТЕЦ Неготино фото: Википедија/Cibrev CC BY-SA 4.0
Термоелектраната ‘‘Неготино‘‘ е изградена во периодот од 1975 до 1978 година, лоцирана помеѓу десниот брег на реката Вардар и железничката пруга, во околината на Дуброво, 8 километри во близина на Неготино. Непосредно до ТЕЦ се железничката пруга, автопатот Скопје – Гевгелија и 400 KV трафостаница Дуброво (400 kV врски со РЕК ‘‘Битола‘‘, Штип – Бугарија, Штип – Србија, Скопје и Грција).
Објавено на 08.06.2025 - 17:45

Телекомуникации
Додека ние се убедуваме за корисноста и ‘штетноста’ на 5G, во Сјонг'ан, Кина, 10G мрежата веќе пристигна. Еве што подразбира оваа дигитална револуција (освен преземање филм за неколку секунди)...
Објавено на 05.06.2025 - 01:00

Астрономија и астронаутика
Поле со галаксии во Вселената, во сам центар е доминатна светло-бела елиптична галаксија која е јадрото на масивното галактичко јато.
“Окото“ е во самиот центар, во оваа нова слика на месецот на НАСА/ЕСА/ЦСА добиена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, насочен кон централното мега-чудовиште кое е галактичкото јато Абел С1063. Оваа џиновска колекција на галаксии, која се наоѓа на 4,5 милијарди светлосни години од Земјата во соѕвездието Жерав (Grus), доминира на сцената. Гледајќи повнимателно, оваа густ збир од масивни галаксии е опкружен со блескави црвени ленти од светлина. Овие искривени црвени лаци се вистинскиот предмет на интерес на научниците – тоа се бледо осветлени галаксии од далечното минато на Универзумот.
Објавено на 29.05.2025 - 12:45

Информатика
Од промоцијата на првиот холограмски паметен споменик во Македонија во 2022 година
Со гордост објавуваме дека нашиот соработник Д-р Анис Сефиданис, професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, се стекна со официјален патент за својот пронајдок – „Паметен споменик“.
Објавено на 27.05.2025 - 13:15

Информатика
Нов агент на вештачка интелигенција развива алгоритми за математика и практични апликации во информатиката со комбинирање на креативноста на големите јазични модели со автоматизирани евалуатори
Објавено на 27.05.2025 - 12:45

Автомобилска техника
Volvo е прв производител на автомобили којшто го воведува Gemini како замена за Google Assistant во автомобилите, преку проширено партнерство со Google
Објавено на 26.05.2025 - 13:00

Енергетика
Постепено го склопуваме мозаикот за причините на неделниот блекаут во Македонија. Од МЕПСО беше кажано дека причина бил превисокиот напон на далноводот кон Србија од дури 460 kV, што е за цели 15% повеќе од номиналниот напон од 400 kV.
Објавено на 26.05.2025 - 12:15

Енергетика
Најпрво една молба до политичките партии да престанат да зборуваат напамет и взаемно да се обвинуваат додека не се утврдат причините за последниот блекаут во Македонија, што допрва ќе треба да ги анализираат во МЕПСО и евентуално во ЕВН. Се работи за нова болест на системот, чија потенцијална причина ќе ја разгледаме подолу. Ако врз основа на симптомите ја потврдиме болеста, во иднина ќе го знаеме и лекот.
Објавено на 23.05.2025 - 11:45

Информатика
Најпопуларната криптовалута, по остриот пад во април, сега ја проби својата највисока вредност досега и надминува 110 000 долари. Eкспертите велат: Доаѓаат нови рекорди
Објавено на 23.05.2025 - 11:15

Pages