Информатика
На конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) Швајцарија беше посочена како нов број еден според индексот за електронска трговија за B2C (business to client). Таа ја престаса Холандија, која претходните две години беше на првото место.
Објавено на 19.03.2021 - 15:30

Астрономија и астронаутика
Илустрација на лендерот ИнСајт и сондата 'крт' на површината на Марс
Со помош на вселенската сонда InSight за првпат научниците имаа прилика да ѕирнат во срцето на Марс. Користејќи ги инструментите кои го регистрираат ширењето на сеизмичката енергија низ внатрешноста на планетата, научниците ја проценија големината на јадрото на оваа планета.
Објавено на 19.03.2021 - 12:45

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на основоположникот на македонската хирургија, Панче Караѓозов, и на пронаоѓачот на дизел-моторот со внатрешно согорување, Рудолф Дизел. Покрај ова ја одбележуваме првата вселенска прошетка на Алексеј Леонов, и се сеќаваме на јапонскиот инженер Хидео Шима, таткото на ултрабрзите возови ...
Објавено на 18.03.2021 - 17:30

Информатика
Во годишниот извештај објавен од независната тест-лабораторија AV-Comparatives водечкото решение за безбедност на домашните корисници на Kaspersky – Kaspersky Internet Security – беше одликуванo со наградата Производ на годината 2020 по импресивен шести пат.
Објавено на 18.03.2021 - 16:15

Медицина
Денешните 1 293 се петтиот најголем број на новодијагностицирани лица од почетокот на епидемијата до денес, а четвртиот бран е сè уште далеку од својот пик. Репродукцискиот број Rt не е многу висок – точно е во границите на предвидувањата – но бидејќи стартувавме со високи 300 случаи на ден, со малку чекори (сериски интервали од 4 дена) стигнавме до тука. Ќе бев изненаден од бројките доколку во неделата вечер не ги видов колоните од паркирани возила во мојата улица и насекаде низ градот. Луѓето масовно одеа во посети за Поклади-прочка, заборавајќи дека се наоѓаме среде епидемиски бран. Знаејќи дека британскиот сој на вирусот има пократко време на инкубација, денешните високи бројки точно го одразуваат неделниот високоризичен настан.
Објавено на 17.03.2021 - 23:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на швајцарскиот психолог Валтер Хес, и се сеќаваме на делото на австрискиот физичар Кристијан Доплер. Покрај ова го одблежуваме денот кога беше промовиран легендарниот автомобил Порше 356, денот кога НАСА го лансираше првиот сателит напојуван со сончева енергија, и денот кога е откриен хемискиот елемент калифорниум. А на денешен ден започна и судската битка помеѓу Мајкрософт и Епл за авторските права над графичкиот кориснички интерфејс...
Објавено на 17.03.2021 - 14:15

Психологија
Секој што некогаш живеел со мачка или имал прилика да набљудува некој примерок од овие грациозни животни, барем еднаш во животот се запрашал “За што ли размислува?”. Како што се тврди во една студија, малкумина се способни точно и брзо да ги протолкуваат изразите од лицето на мачката. Но, затоа пак тие би можеле да го споделат овој свој ‘талент’ со сите.
Објавено на 17.03.2021 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Оштетувањата на чинијата во автуст 2020 видливи од 'птичја' перспектива
Штом се спомнува Аресибо, веднаш сите помислуваат на огромната чинија, потрагата по вонземска цивилизација и... па добро, и Џемс Бонд Огромната чинија на радиотелескопот секако е еден од објектите што се здоби со култен статус и надвор од научните кругови.
Објавено на 16.03.2021 - 17:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Георг Ом, германскиот физичар кој математички ги опиша законите на струјното коло, Владимир Комаров, советскиот космонаут, пробен пилот и инженер, Ричард Столман, основачот на движењето за слободен софтвер, Хајнрих Кајзер, германски физичар, и на Александар Степанович Попов, рускиот физичар кој прв употребил антена за емитување и прием на радиобранови. Денес го одбележуваме и првото лансирање на ракета со течно гориво, како и интернетското поврзување на САД и Европа...
Објавено на 16.03.2021 - 15:00

Електроника
Новиот тип силициум-германиумски (SiGe) исправувачи од Некспериа се високоефикасни, термички стабилни и имаат помали димензии. Вака барем тврди производителот.
Објавено на 16.03.2021 - 13:00

Pages