Рубрика: Астрономија и астронаутика
Млечниот пат виден низ окото на GAIA
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 08.08.2022 - 11:30

Слика 1: Радијална брзина на објектите (извор: ESA/Gaia/DPAC)

Тимот на европскиот вселенски телескоп GAIA неодамна го објави третиот ѕвезден каталог на мисијата. Каталогот нуди обемни податоци за огромен број објекти во Млечниот Пат. Податоците, секако, ќе им бидат од корист на астрономите а особено на космолозите...

Уште од неговото лансирање во 2013 година, вселенскиот телескоп GAIA детално го истражува нашето соседство во рамките на Млечниот Пат. Астрофизичарите задолжени за овој проект штотуку го објавија третиот каталог на мисијата кој содржи речиси 1,8 милијарди ѕвезди. Притоа направени се записи и забелешки за сјајот, бојата, положбата, и растојанието за 1,5 милијарди од овие ѕвезди.

Била направена и спектроскопија со мала или висока резолуција за повеќе избрани ѕвезди. Забележано е и присуството на 813 000 бинарни системи и 10 милиони ѕвезди со променлив сјај.

Слика 1: Радијална брзина на објектите (извор: ESA/Gaia/DPAC)

Овие информации се мошне значајни при проучување на животниот циклус на самите ѕвезди, но и структурата и еволуцијата на Галаксијата. Така, на пример, радијалната брзина (слика 1) ги покажува ѕвездите што се оддалечуваат од нас (светли бои) и оние што се приближуваат (темни нијанси). Некои од небесните објекти се издвојуваат од целокупното движење – такви се, на пример, Магелановите облаци, долу десно.

Слика 2: Индивидуалното движење на одредени ѕвезди (извор: ESA/Gaia/DPAC)

Слика 3: Дистрибуцијата на меѓуѕвездената прашина (извор: ESA/Gaia/DPAC)

Астрофизичарите го измериле и движењето на одредени ѕвезди (слика 2). Податоците исто така ја откриваат и дистрибуцијата на меѓуѕвездената прашина (слика 3) како и хемискиот состав на ѕвездите (слика 4, боите укажуваат на нивото на металност, односно концентрацијата на тешки елементи).

Слика 4: Хемискиот состав на ѕвездите (извор: ESA/Gaia/DPAC)

GAIA ги мапираше и астероидите на Сончевиот систем (слика 5). Сликата подолу ја претставува положбата на овие тела на 13 јуни 2022 година и нивното движење во текот на десет дена. Притоа мошне лесно се разликуваат астероидите од внатрешниот дел на системот (во сина боја), оние од астероидниот појас (зелена) и Тројанците лоцирани на Лагранжовите точки L4 и L5 на Јупитер.

Слика 5: Местоположбата на астероидите во Сончевиот систем на 13 јуни 2022 година и нивната распределба 10 дена подоцна (извор: ESA/Gaia/DPAC)

Клучни зборови: