Информатика
Контроверзниот инженер Ентони Левандовски во е познат по тоа што работеше во одделението за автономни возила во Google (сегашно Waymo). Од таму одлучи да си оди и jа основа својата компанија Otto. И тука можеби лежи дел од проблемот. Имено, Otto исто така се занимава со уреди за автономно возење...
Објавено на 18.08.2020 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Астрофизичарите неодамна се соочија со еден парадокс. Имено, тие брзоплето утврдиле дека староста на една ѕвезда, позната на научниците уште од порано, изнесува 16 милијарди години, што значи дека таа е цели 2,2 милијарди години постара од Бинг-Бенгот, кој што датира од пред околу 13,8 милијарди години и од кој потекнува универзумот според актуелниот научен модел...
Објавено на 17.08.2020 - 13:15

Географија
Античкиот географ и математичар Ератостен (275 – 194 пр.н.е.), е таткото на географијата; неговата географска терминологија се користи и денес. Бил роден во грчката колонија Кирена, денес градот Шахат во Либија. Бил одличен во сите научни дисциплини, па бил наречен „Пентатлонец“ – како натпреварувачите на Олимпските игри кои се способни за одлични резултати во пет различни атлетски дисциплини. Неговите опоненти цинично го нарекувале „Бета“, бидејќи не бил најдобриот („Алфа“) во секоја поединечна наука одделно. Сепак, широките познавања на Ератостен за сите можни области му ја донеле престижната позиција на главен библиотекар во Александриската библиотека – најголемата библиотека во тоа време.
Објавено на 16.08.2020 - 13:45

Медицина
Во вторникот, 11 август 2020, светот конечно слушна вест што ја очекуваше долго и со нетрпение. Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Министерството за здравство на Руската Федерација ја одобрило првата вакцина против SARS-CoV-2 за широка употреба за итни случаи. Развиена е на Институтот Гамалеја во Москва, со поддршка од Министерството за одбрана на Русија.
Објавено на 15.08.2020 - 19:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на данскиот физичар Ханс Ерстед, на британскиот физиолог Ричард Дарвин Кејнс и на францускиот физичар и нобоеловец Луј де Број. Исто така го одбележуваме и денот кога истражувачите на СЕТИ го забележија WOW сигналот.
Објавено на 15.08.2020 - 15:45

Астрономија и астронаутика
На 10 август познатиот радиотелескоп Аресибо во Порторико беше оштетен при пукање на челична сајла што потоа удрила во една од антените која при падот направила 30-метри широка дупка во садот со пречник од 307 метри. Сите астрономски набудувањата се запрени на најмалку 2 недели, додека тече истрагата за овој инцидент.
Објавено на 14.08.2020 - 22:00

Астрономија и астронаутика
Сликата видлива преку т.н. гравитациска леќа
Астрономите досега го сметаа раниот универзум како диво место каде владе беззаконието, со хаотични и едвај формирани галаксии исполнети со вртлози од гасови и ѕвезди во процес на формирање на секој чекор. Токму затоа, сликата објавена вчера од страна на ЕСО е вистинско изненадување...
Објавено на 14.08.2020 - 13:30

Хемија
Едно истражување од областа на хемијата може наскоро да му овозможи на целиот свет создавање низа корисни производи, од текстилни бои до фармацевтски производи, речиси од ништо. Па, добро, не баш од ништо, туку од воздух.
Објавено на 13.08.2020 - 12:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на австрискиот физичар и нобеловец, Ервин Шредингер, и на британскиот биохемичар и двоен нобеловец, Фредерик Сангер. Се сеќаваме на лансирањето на првиот пасивен комуникациски сателит на НАСА и му оддаваме почит на Вилијам Шокли, таткото на транзисторот.
Објавено на 12.08.2020 - 21:30

Информатика
Едвај се слегна прашината по кибер-нападот врз Гармин, по кој оваа компанија беше принудена да им плати неколку милиони долари на хакерите за да го добие клучот за декрипција на огромната количина нивни интерни податоци, а ете уште еден технолошки гигант стана жртва на ренсомвер напад.
Објавено на 12.08.2020 - 12:45

Pages