Информатика
Ова поставува морална дилема за секој што го користи софтверот Мета ќе ги стави на располагање своите модели за генеративна вештачка интелигенција (ВИ) на владата на Соединетите држави, најави технолошкиот гигант, во контроверзен потег што покренува морална дилема за сите што го користат софтверот.
Објавено на 18.11.2024 - 13:15

Физика
Повеќе децении наназад теоретските физичари безуспешно се обидуваат да ја опишат гравитацијата како четврта основна сила со помош на најразлични системи на хипотези како Теорија на струни, Јамкасто-квантна гравитациска теорија или да ја вградат во Теоријата на квантно поле и да извршат нејзино квантизирање. Квантизирањето на гравитацијата подразбира прилагодување на Општата теорија на релативноста со вградување на принципите на квантната механика. Ивет Фуентес, теоретска физичарка која работи со нобеловецот Роџер Пенроуз ја истражува можната примена на Општата теорија на релативноста со цел попрецизно да се опишат квантните појави, испитувајќи го влијанието на гравитацијата во микросветот на честичките... Следниов напис е инспириран од видеото The Breakthrough in Physics We’ve Been Waiting For од јутјуб каналот Theories of Everything with Curt Jaimungal. Видеото можете да го проследите во прилог, на крајот од овој текст.
Објавено на 15.11.2024 - 15:45

Фототехника
Во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска.
Објавено на 14.11.2024 - 12:30

Информатика
Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, се одржа Седмата годишна конференција за е-трговија. Во своето трето регионално издание конференцијата беше домаќин на преку 700 учесници од повеќе од 10 земји, при што свое излагање имаа преку 30 еминентни говорници од земјата и странство.
Објавено на 13.11.2024 - 15:45

Информатика
Слика генерирана со ВИ
Големите јазични модели можат да прават импресивни работи, да пишуваат поезија или да генерираат функционални компјутерски програми, иако во основа овие модели се обучени да ги предвидуваат зборовите што следуваат во парче текст. Поради ваквите способности можеби ви се чини дека моделите индиректно учат за некои од општите вистини за светот. Но, тоа не е нужно така, открива една нова студија.
Објавено на 13.11.2024 - 15:00

Информатика
Сѐ е подготвено за 7. издание на Конференцијата за е-трговија што треба да се одржи утре во Националната опера и балет во Скопје, под мотото E-commerce: Untangling Potential.
Објавено на 11.11.2024 - 12:30

Електроника
Поглед однапред на кутијата од предавателот.
Напоредно со експериментите на долги радио бранови (low frequency - LF), веќе се подготвувам и за активирање на многу долги бранови (very low frequency - VLF). Ако на долги бранови ја работам единствената македонска станица, можно е на многу долги бранови да ја активирам и првата станица на Балканот, но ќе морам да проверам за ова. VLF инаку е фреквентното подрачје на поморската навигација со долг досег, комуникациите со подморници и геофизичките испитувања.
Објавено на 11.11.2024 - 11:30

Медицина
Научниците ги мапираа мозоците на луѓе додека тие гледале инсерти од некои од најомилените филмови, какви што се ‘Почеток’ (Inception) од 2010 година, ‘Имеријата го возвраќа ударот’ (The Empire Strikes Back) од 1980 и ‘Сам дома’ (Home Alone) од 1990, со цел ги идентификуваат различните мозочни мрежи вклучени во обработката на различни типови сцени. Сега, со сигурност може да се каже дека гледањето филмови и не е некој одмор за мозокот ;)
Објавено на 08.11.2024 - 14:00

Информатика
Денес во 19 часот, истовремено на дигиталните продавници Steam и Xbox, во продажба ќе се појави вториот дел од играта „The Strange Story of Brian Fisher". Оваа видео игра претставува 100% Македонски производ, од концепт и креативната визија на охриѓанецот на заем во Скопје – Ристе Тутурески, неговата фирма Intetic, како и талентираниот тим на KAMAi MEDIA во Битола. Играва беше тестирана од Македонски тим во Indium Play во Скопје. Вистински пан-Македонски потфат!
Објавено на 08.11.2024 - 12:45

Медицина
Апстрактен приказ на формирање и повикување на сеќавањата Сликата е генерирана со ВИ
Една нова студија, спроведена врз глувци, го менува традиционалниот модел на кодирање и на повикување на спомените. Во реалноста процесто е помалку стабилен, но повеќе во согласност со искуството.
Објавено на 08.11.2024 - 00:00

Pages