Информатика
М6 Едукативниот Центар, кој се наоѓа на листата даватели на обуки за дигитални вештини за млади лица во соработка со КАБТЕЛ, креираше нестереотипна обука Networks and Cyber security. Оваа обука го развива, пред сè, практичното знаење на учесниците, со која, по завршувањето на обуката, стануваат подготвени за работа во голем број компаниите во кои овие вештини се повеќе од неопходни.
Објавено на 30.07.2020 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Денес, од Кејп Канаверал, НАСА го лансира роверот Упорност (Perseverance), познат и како Марс2020. Според планот роверот треба да слета на површината на Марс на 18 февруари 2021 година во кратерот Језеро.
Објавено на 30.07.2020 - 13:30

Електроника
Една од најважните вештини што треба да ја стекне секој што сака да се занимава со практична електроника е лемењето. Па така, секој вистински и пасиониран електроничар, веќе одамна ги има прочитано сите објавени упатства и совети за лемење од стручните книги и списанија за електроника и има изгледано стотици видеа на YouTube на оваа тема. Поседува повеќе лемила и лемни станици за различни намени и се гордее со вештината со којашто знае да ги користи. За одржување на кондицијата, дневно леми и одлемува најмалку по сто компоненти на/од двострани плочки (за однапред зададено време), ужива во мирисот на растопениот калофониум и смета дека е кондициски подготвен за каков било натпревар или задача поврзана со лемење, барем на државно ниво. Но, дали неговата висока самодоверба и мислење за себе навистина соодветствуваат на неговите способности и на постигнатото ниво? А што ако направил некаков ситен превид, па некако се случило во темелите на своето знаење да стави и некои фалични елементи, сметајќи ги за исправни? Дали некогаш направил сериозен стрес-тест, за да ја провери стабилноста на својата градба?
Објавено на 30.07.2020 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Стандарден облик на џуџеста галаксија
При еден неодамна спроведен проект од Институтот за вселенска наука (Institute of Space Sciences, ICE - CSIC), истражувачки оддел при Институтот за вселенски студии на Каталонија (IEEC), со користење на техниката на спектроскопско интегрално поле (IFU – Integral Field Unit) биле идентификувани масивни црни дупки во џуџестите галаксии. Истражувачите откриле 37 вакви објекти, од кои 23 се новозабележани, бидејќи при претходните набљудувања на истите галаксии не биле пронајдени докази за нивно присуство. Ова е најшироката досега направена студија на џуџестите галаксии со примена на оваа техника.
Објавено на 29.07.2020 - 15:15

Информатика
Иако целта беше собирање на најмалку 10 илади долари проектот PrintPods досега на платформата Kickstarter веќе собра над 150 илјади американски долари за изработка на “најнапредниот рачен печатач за секаков вид површина “, како што го тврдат неговите творци.
Објавено на 29.07.2020 - 15:15

Информатика
Без многу помпа и галама Dropbox неодамна стартуваше свој менаџер за лозинки –Dropbox Passwords. Апликацијата засега е достапна само во приватната, бета верзија на Андроид, и иако можете да ја преземете, не можете да ја користите ако немате покана.
Објавено на 28.07.2020 - 14:30

Информатика
Како што веќе знаете, во април минатата година Google ја укина својата социјална мрежа Google+, освен за бизнис корисниците и корисниците на G Suite пакетот. Сега, Google+ во потполност ќе исчезне, а како замена на овој (фејл) проект Google ќе го понуди сервисот Google Currents.
Објавено на 27.07.2020 - 12:15

Омнибус
Во овој викенд времеплов го славиме успешното враќање на Земјата на екипажот на Аполо 11, откритието на Мачу Пикчу и првата вселенска прошетка направена од една жена. Покрај ова ги одбележуваме и првата подводна нуклеарна проба и лансирањето на првиот геостационарен комуникациски сателит.
Објавено на 25.07.2020 - 02:00

Астрономија и астронаутика
За првпат е направена фотографија на екстасоларен планетски систем.
Оваа недела Европската јужна опсерваторија објави дека астрономите за првпат успеале да фотографираат екстрасоларен планетски систем. Имено, тие фотографирале две егзопланети што орбитираат околу една иста ѕвезда, слична на нашето Сонце.
Објавено на 24.07.2020 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на хрватскиот хемичар нобеловец Владимир Прелог, на германскиот физичар чиешто име електроничарите сигурно го препознаваат – Валтер Шотки, како и на човекот којшто ги постави стандардите за пишување учебници за компјутерско програмирање, Дениел Мекракен. Покрај ова го одбележуваме и денот кога беше изведен првиот во живо сателитски пренос на ТВ-сигнал, со којшто за првпат во реално време се следеа настаните коишто се случуваат на друг континент.
Објавено на 23.07.2020 - 16:00

Pages