Овој период знае да биде мошне стресен за сите. За да не ги дочекате Новата година и Божик исцрпени од трката по подароци, подготовка на новогодишни менија и разноразни украсувања, обидете се да ги следите овие пет правила против стрес.
Дали дочекот на Новата година и Божикниот ден се најсреќните денови во годината? Ова е можеби веројатно точно за многумина, а особено за децата. Но, кренете рака ако не се согласувате дека деновите што им претходат на овие празници се најстресни во годината – новогодишни елки, украси и подготовка на подароци, ручеци и вечери, правење списоци на роднини и пријатели за поканување, организирање на прослави и визити... Па, за на 15 јануари да не ве состигне и "сотре" уморот од сиве овие активности, еве неколку празнични анти-стрес правила.
1. Смиреност и концентрација. Подобро е да ги одложите различните обврски за по празниците. Да направите сè е невозможно, а да го направите тоа што треба набрзина е уште полошо. Имено, брзањето создава стрес и ги тера луѓето да излудат (подароци, покани, менија за забави итн.). Дури и ако сте ангажирани во некоја празнична активност што навидум изгледа едноставна, обидете се да останете фокусирани. На пример, ако избирате подарок, не размислувајте во исто време да телефонирате кај некои од роднините или пријателите за да им ги честитате празниците. Или, кога се обидувате да ја направите неизбежната листа на божиќното мени, оставете го мобилниот телефон настрана некое време и држете се настрана од фејсбук, твитер и ватсап. Накратко: минимизирањето на изворите што ви одвлекуваат внимание ќе ви помогне да останете фокусирани. Имајте на ум дека дури и слушањето музика или држењето на телевизорот вклучен не делува секогаш релаксирачки, ниту пак помага при концентрацијата, особено ако сте веќе уморни.
2. Избегнувајте извори на стрес. Возењето автомобил за време на празниците секако е стресно – независно дали сте в град, изгубени во метежот за набавка (или испорака) на подароци, или сте заглавени на некој автопат поради лошото време и неизбежните редици. Користењето јавен превоз е можеби подобро решение. Дури и присуството во премногу бучни средини е секогаш извор на стрес – само влезете во некој од трговските центри и веднаш ќе го забележите тоа. Ако навистина треба да ги посетите, подобро е да останете таму што е можно помалку.
3. Спорт и нега. Спортувањето е секогаш добро за вас, а помага и за справување со стресот. Затоа, не се откажувајте од теретана, базенот или утринското трчање, дури и ако мислите дека немате време за тоа. А за да бидете во топ-форма на празниците, избегнувајте да одите на фризер/бербер во термините премногу блиску до Нова Година или Божик, посетете ги барем неколку дена пред тоа. Во спротивно математички докажано е дека наместо да се опуштите оваа рутина ќе ви предизвика повеќе стрес, бидејќи ќе ви одземе двојно повеќе време а ќе добиете полош третман од вообичаеното. И конечно, при изборот на вашиот “стајлинг” за празниците подобро е да избегнувате изненадувања во последен момент – никогаш, никогаш не носете нова облека (или чевли) за прв пат. Најнапред пробајте и разгазете ги.
4. Лесно мени. Не паничете за менито, сè што треба да направите е да избирате сложени јадења. Компликуваните рецептии и набавки за ќе ве направат хистерични и анксиозни, а секако нема да го погодите вкусот на сите. Затоа подобро одлучете се за едноставни, традиционални и, пред сè, за јадења што ќе им се допаѓаат и на децата. И не плашете се да побарате што е можно повеќе помош од секого што сака да вмеша прсти и даде рака во кујната.
5. Паника за подароци. Непотребно е да се повторува: најнапред размислете за подароците, и тоа направете го што е можно порано. Направете листа на луѓе на кои сакате да подарите нешто, за да избегнете да заборавите некого, а потоа следете ја листата до последно. Пред се, погрижете се за подарокот за сите луѓе кои се грижеле за вас во текот на целата година. За тинејџерите никогаш нема да погрешите со тоа што ќе им дадете мала сума пари, можеби придружен со некој мал симболичен подарок. Психолозите советуваат да не се ставаат премногу подароци за децата под елката. Идеално – оставете помалку подароци но изберете такви што тие ќе ги ценат повеќе.