Група научници од Центарот за интегративни медицински науки RIKEN откри дека лицата со одреден тип на HLA може да ги поттикнат убиствен одговор на нивните Т-клетки кон ковидот. Ова се должи на тоа што Т-клетките реагираат на одреден дел од шилестиот протеин на вирусот којшто е присутен и кај сезонските коронавируси што ја предизвикуваат обичната настинка. Истражувањето, чиишто резултати беа објавени неделава во Communications Biology, може да ги објасни на различните имуни одговори меѓу популациите, а има потенцијал и да се искористи како начин за развој на нов тип на вакцина против болеста.
Сè досега, повеќето истражувачи се фокусираа на реакцијата на антителата кон вирусот, којашто ја спречува почетната инфекција. Меѓутоа, штом еднаш вирусот ќе ги инфицира клетките, за брзо елиминирање на вирусите критични стануваат ефекторните лимфоцити – NK-клетките или мемориските Т-клетки. Имајќи предвид дека одговорот на NK-клетката би требало да е воглавно сличен кај сите луѓе, истражувалите одлучиле да се фокусираат на убиствените мемориски Т-клетки, кои го водат нападот против вирусите што ги “запаметиле“.
Авторите избрале поединци со HLA тип А24, тип којшто е релативно чест кај Јапонците и кај некои популации во други азиски земји. Според Шин-Ичиро Фуџи, којшто го предводел истражувањето, изборот бил направен поради тоа што било лесно да се најдат поединци кои поседуваат ваков тип на HLA, бидејќи другите се мошне поретки, но истовремено и поради тоа што истражувачите сметале дека ова може да даде увид во тоа зошто некои популации во Азија се чини дека се помалку подложни на инфекции.
Истражувачкиот тим започнал со користење на силико анализа со цел да ги идентификува деловите од шилестиот протеин на SARS-CoV-2 што можат лесно да се поврзат со HLA-A24. Како резултат на тоа, тие идентификувале шест потенцијални епитопи – секвенции од амино киселини на коишто реагираат имунолошките клетки. Тие потоа ја разгледале реакцијата на периферните имунолошки клетки кај луѓето со тип HLA-A24 кои не биле инфицирани со SARS-CoV-2, со цел да проверат дали тие поседуваат убиствени мемориски Т-клетки што би реагирале на антигените од вирусот. Се покажало дека всушност околу 80 проценти од неинфицираните здрави донатори со А24 тип HLA покажале реакција на еден пептид – низа којашто ја нарекле QYI епитоп – што истражувачите го идентификувале. Конечно, било откриено дека специфичните убиствени мемориски Т-клетки со QYI, земени од донатори со серотип А24, покажале вкрстена реактивност против релевантните епитопи, кои се релативно заштитени од човечките коронавируси, вклучително и сезонските коронавируси.
Научниците потоа го истражиле имуниот одговор на пациенти дијагностицирани со крвни типови на рак, за коишто се знае дека се особено подложни на тежок развој на ковид. Нивниот имун одговор бил значително помал споредено со оној од неизложените здрави индивидуи. Но она што е поважно е што групата, сепак, открила дека дури и кај пациентите со рак на крвта, постои своевидно “жарче“, лоцирано во протеинот на вирусот – низа од 27 аминокиселини околу епитопот QYI – и дека Т-клетките кои реагираат на него може сè уште да дадат силен имунолошки одговор. Жарчето, побудило имун одговор кај 100% од здравите луѓе и 65% од пациентите со рак на крвта. Според Фуџи, овие резултати даваат надеж за развој на вакцини кои би можеле да го зајакнат имунолошкиот одговор дури и кај имунокомпромитирани пациенти.
Според Фуџи, вистинската цел на ова истражување не е да се пронајдат разлики меѓу населението, туку да се изнајдат начини за да се спречи луѓето да умрат од оваа опака болест. Како што вели тој “Вистинската надеж е дека ќе можеме да развиеме вакцини што ќе можат да стимулираат силно насочена реакција на Т-клетките против инфекцијата. Демонстриравме дека тоа може да биде возможно во рамикте на конкретната HLA група, но сега треба да се разгледаат и другите типови“.