Рубрика: Медицина
Омикрон позаразен за вакцинираните отколку за невакцинираните, но и знaчително помалку опасен за сите
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.12.2021 - 12:45

Омикрон повеќе ги заразува вакцинираните од невакцинираните споредено со Делта. Тоа е веќе факт што не може никој да го оспорува. Дали мРНК и ДНК вакцините се одговорни за ова? Многу веројатно. Но, зошто? – се прашуваат луѓето.

Одговорот лежи во типовите на антитела што се создаваат под влијание на мРНК и на ДНК вакцините. Овие вакцини се правени врз основа на шилестиот протеин од “дивиот” вухански сој. И во однос на вуханскиот вирус, овие вакцини работеа совршено. Но, се случија мутации...

Скриншот од неодамнешна данска студија.

Слика: Податоци од лондонска клиника (извор)

Делта сојот, на пример, во својот шилец има толку мутации така што вакцинско-произведените неутрализирачки тела делумно го изгубиле афинитетот кон него. Не само тоа, таканаречените овозможувачки/олеснувачки антитела го зголемиле афинитетот. Во еден научен труд, објавен уште во август оваа година (види тука), авторите зборуваат за два типа на антитела:
• Неутрализирачки – коишто ја спречуваат инфекцијата; и
• Овозможувачки/олеснувачки – коишто ја потпомагаат инфекцијата.

Да, добро прочитавте – ја потпомагаат инфекцијата. За оваа опасност предупредуваа некои научници, но тие беа или игнорирани или стигматизирани како ширачи на дезинформации.

Да се вратиме на делта-сојот. Уште кај него соодносот на неутрализирачките и олеснувачките антитела е нарушен во полза на олеснувачките. По изминато одредено време од вакцинацијата, олеснувачките антитела се доминантни и затоа вакцинираните почнаа да се заразуваат дури и со поголема стапка од невакцинираните.

А што е со омикрон-сојот? Со оглед на фактот што омикрон има уште повеќе мутации во шилестиот протеин од делта-сојот, соодносот на неутрализирачките и олеснувачките антитела е во полза на вторите. Дури и вакцинациите со трета бустер доза не можат да го поправат овој сооднос.

Значи, да, мРНК и ДНК вакцините (Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Спутник, J&J) засновани на вуханскиот сој, му помагаат на омикрон да ги инфицира вакцинираните полесно од невакцинираните. За среќа што омикрон има и мутации кои го прават значително помалку опасен од делта и од другите соеви, инаку ова ќе беше глобална хорор приказна.

Скриншот од неодамнешна данска студија. Бројките во црвените правоаголници покажуваат дека ефективноста на вакцините на Фајзер и Модерна се негативни за Омикрон по 3 месеци од втората доза

Извадок од трудот: “Покажуваме дека олеснувачките антитела го засилуваат врзувањето на шилестиот тримерот со клеточната мембрана на домаќинот преку прицврстување на NTD за микродомени од липидниот сплав.” ("We show that enhancing antibodies reinforce the binding of the spike trimer to the host cell membrane by clamping the NTD to lipid raft microdomains.")

 

Стапка на леталитет на Омикрон во однос на Делта

Од анализата од Шкотска, направена пред две недели дознавме дека релативниот ризик (Relative Risk, RR) за хоспитализација при заразување со омикрон во однос на делта е: RR(hosp/infect) = 0,32.

Од анализата, пак, на Министерството за здравство на Јужна Африка, дознаваме дека релативниот ризик за болничкa смртност при зараза со омикрон во однос на делта е RR(death/hosp) = 0,33.

Ќе си дозволиме синтеза на овие податоци, па релативниот ризик за фатален исход при симптоматска инфекција со омикрон  сојот во споредба со делта ќе го пресметаме со просто множење на горните релативни ризици. Зошто така? Па, веројатноста за фатален исход при инфекција е производ од веројатноста за хоспитализација и веројатноста за фатален исход после хоспитализација. Така што добиваме:

RR(death/infect) = RR(hosp/infect) x RR(death/hosp) = 0,11

Или, толкувано поинаку, шансите за фатален исход при инфекција со омикрон се за 89% (=100-11) помали во однос на делта. Или, уште попросто, ризикот е 9 пати помал!

Според извештајот на британската Агеција за здравствена безбедност (UK Health Security Agency) ризикот за хоспитализација при заразување со омикрон е за 62% помал во споредба со делта-сојот. Но, има уште едно изненадување. Споредено со соодносот на хоспитализации при зараза со делта сојот, при зараза со омикрон сојот невакцинираните се хоспитализираат барем 2 пати поретко отколку вакцинираните.

Контраинтуитивно, но и не е за чудење, со оглед на тоа што бројките од Данска и Британија веќе 2 недели покажуваа дека вакцинираните многу почесто се заразуваат со омикрон.

Сега засега, Омикрон е благ спрема сите, но вакцинираните повеќе се заразуваат и повеќе се хоспитализираат во Британија.

 

Македонија има слично ниво на прележаност како Јужна Африка, и нешто повеќе вакцинирани. Во оваа држава омикрон е веќе во брзо опаѓање и имаа едно 8 до 10 пати помалку жртви од претходниот бран.  Со оглед на тоа што имаме и официјална потврда дека омикрон сојот ни е веќе тука, дома, би требало максималното заразување да се достигне во јануари, а во февруари бранот веќе да заврши.

Што побргу омикрон го истисне делта сојот, тоа подобро за сите.

Клучни зборови:
Скриншот од неодамнешна данска студија.

Скриншот од неодамнешна данска студија.

Податоци од лондонска клиника

Податоци од лондонска клиника

Скриншот од неодамнешна данска студија.

Скриншот од неодамнешна данска студија. Бројките во црвените правоаголници покажуваат дека ефективноста на вакцините на Фајзер и Модерна се негативни за Омикрон по 3 месеци од втората доза