Во текот на 2021 година, TikTok стана најпосетуваниот интернет домен во светот.
Американската технолошка компанија Cloudflare соопшти дека TikTok платформата, која претставува услуга за размена на кратки видеа, стана најпосетуваниот интернет домен во светот во 2021 година, наоѓајќи се пред минатогодишниот лидер Google, кој е дел од холдингот Alphabet.
Како што пренесува руската агенција Интерфакс, за првпат Тикток изби на првото место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Гугл според бројот на посети. Tiktok, којшто е во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, претходно пријави дека има повеќе од милијарда активни корисници месечно.
Третото место на листата на најпосетувани домени, вклучувајќи веб-страници и апликации, го зазеде социјалната мрежа Фејсбук во минатата година, четвртото – Мајкрософт, а петтото – Apple.
Во топ 10 најпосетувани интернет портали се и Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и WhatsApp.