Електроника

По скоро една година од излегувањето на првиот број на ЕМИТЕР во кој беше објавен проектот на излезниот засилувач А50, сметаме дека дојде вистинското време да објавиме уште еден излезен засилувач кој за разлика од А50 се одликува со поголема излезна моќност и поголема сигурност благодарение на електронската заштита на излезните транзистори.


Аудио и видеотехника

Како што ветивме, ви го претставуваме проектот за Hi-Fi звучник од компресионен тип. Се одлучивме да направиме квалитетен двонасочен (two way) звучник, односно звучна кутија со бас-звучник и високотонец. Меѓутоа, ова не значи дека звукот на овој звучник ќе биде полош од тронасочен (three way) звучник (со среднотонец). Праксата докажала дека ако двонасочен и тронасочен звучник имаат иста цена, најчесто подобар звук дава двонасочниот звучник.


Електроника

Секој електроничар ја увидел и ја знае потребата од добар стабилизиран извор со континуирана регулација на напонот и струјното ограничување, како можност за екпериментирање и експлорирање на нови електронски уреди. Ваквата потреба ми се наметна и мене и пред пет години го изградив овој уред кој досега, беспрекорно и без никаков дефект, успешно работи.


Електроника

Од многуте идеи и решенија за мерачи на капацитивност и индуктивност, се одлучив за оваа релативно едноставна изведба, но со задоволителна точност од 3%. Скапите верзии со дигитално отчитување, мостови за врамнотежување, со нестандардни компоненти кои тешко се набавуваат – веднаш беа отфрлени.


Аудио и видеотехника

Дали ефектите на гласна музика со години биле погрешно толкувани или пак не? Во позајмениот текст на Ben Duncan од професионалното списание Studio Sound, дознајте за искуствата и новите откритија на луѓето од светот на гласната музика.


Аудио и видеотехника

Собата во која е поставен аудио системот е елемент, кој повеќе од која било аудио компонента, влијае на конечниот облик и квалитет на звучната репродукција во целина. Меѓутоа за разлика од снимките и другите аудио компоненти, на чиј избор, поставување и поврзување аудиофилите посветуваат особено внимание, мал е бројот на љубители на квалитетна звучна репродукција кои исто такво внимание посветуваат и на просторот во кој аудио-системот се наоѓа.


Електроника

Во овој текст ќе биде опишано колото 555. Ова коло е наменето за постигнувања на временски задршки започнувајќи од микросекунди па до неколку часови, како стабилен осцилатор со точна фреквенција, како генератор на поворка на најразлични дигитални импулси и друго. Ова се само најосновните негови примени. Во овој текст се одбрани четири примени на 555 со кои авторите сметаат дека детално ќе го опишат ова интегрално коло.


Електроника

Овде прикажаните хибридни засилувачи се предвидени за мали моќности (за слушалки и мали звучници), па нивните предности не можат докрај да дојдат до израз. Имено за ваква намена доволно квалитетна, а воедно и поедноставна е конструкцијата на засилувач во интегрирана техника. Меѓутоа во одредени ситуации овие засилувачи можат да бидат корисни.


Аудио и видеотехника

Камкордерите стануваат се поголема релност во домовите на повеќето домаќинства во светот. Посебно место на ова поле заземаат камкордерите од серијата на Blaupunkt, каде во повеќето од нив се вградени системи за стабилизација на сликата, а кај некои од нив и LCD дисплеј кој му овозможува на снимателот верно следење на она што го снима.


Електроника

Доколку имате изработено или купено излезен засилувач на снага, а во него немате вградено VU метар или мерач на излезна снага, еве можност тој недостаток да го отстраните. Контролата на излезната снага, на засилувачот е особено важна при неговата работа на поголеми снаги. Во овој режим на работа (големи снаги) влезниот сигнал на засилувачот мора да биде контролиран, бидејќи неговото превисоко ниво може да предизвика несакани последици.


Електроника

Овој ФМ радиоприемник по својот квалитет и цена не ги задоволува критериумите на еден радиоприемник од денешно време. Меѓутоа оваа изведба може да послужи како добра вежба на која ќе се стекнат знаења и искуства од областа на радиотехниката.
Радиоприемникот е реализиран со влезно коло, ВФ засилувач, ВФ осцилатор, НФ предзасилувач и НФ излезен засилувач.


Уводник

Драги читатели,
Пред нас е летото – време на годишни одмори, но и време во кое можеме повеќе да се посветиме на своето хоби или пак, да завршиме некоја работа за која не сме имале време и волја во претходните месеци. Ова лето за нас е значајно и по тоа што во август ЕМИТЕР го прославува својот прв роденден. Поради овие причини, а по углед на познатите светски списанија од оваа област, Редакцијата одлучи да распише КОНКУРС за проекти од областа на електрониката. Ако имате некоја идеја или веќе започнат проект – летото е идеално време својата идеја практично да ја реализирате, односно започнатата градба да ја довршите. Ви останува потоа сето тоа да го опишете и да го испратите на нашата адреса.


Омнибус

Grundig во мерната техника;
Врвна аудио анализа;
CD-R за масовна употреба;
Три функции во едно;
Дигитален микро рекордер NT-1;
Комплетно озвучување во вашиот дом;
Двостран CD! Вистина или маркетиншки трик