Рубрика: Аудио и видеотехника
Оштетување на слухот
Автор: Бојан Угриновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали ефектите на гласна музика со години биле погрешно толкувани или пак не? Во позајмениот текст на Ben Duncan од професионалното списание Studio Sound, дознајте за искуствата и новите откритија на луѓето од светот на гласната музика.

Како тон-мајстор можно е да се загрижите за својот слух; или поради тоа што тој "не е она што беше порано", или пак поради тоа што често слушате загрижувачки приказни. Но, пострашен од приказните е фактот дека рестрикциите на нивото на звучен притисок (понатаму само НЗП) во студијата и во концертните сали веќе се во редовна употребам а тиа значи дека треба навистина сериозно да се размислува за гласната музика и за другите простории во кои постои високо НЗП. На крајот на краиштата, енергија е енергија, па оттаму и за гласната музика треба да се размислува како за вид на енергија која може да е штетна за човекот.

Уживањето на гласна музика има и физиолошка интерпретација. Музиката со НЗП над 95dB кај слушателот предизвикува лачење на адреналин споредливо со она кое го предизвикуваат амфетамините. Во случај ова лачење на адреналин да е потпомогнато и од некаков вид на задоволство, гласната музика бргу станува зависност. Но, комбинацијата уво-мозок по кратко време се адаптира, а нивото на адреналин опаѓа. Нормално, единствен начин да се поврати чувството е да се пушти погласно, а последицата е јасна: на некои луѓе никогаш не им е доволно гласно.

Болката во ушите или нелагодноста при гласно слушање е најчесто последица од лошиот квалитет на репродуцираната музика (на пример, поради акустичниот хаос, изобличени нивоа на звук или дисонантни изобличувања) или поради "агресивноста" на изворниот материјал кој содржи неразумно истакнати и пресилно потенцирани спектрални пикови.

За жал звукот има многу повеќе параметри отколку што се сè уште донесени како мерки. Кога би имале единици мерки за веродостојно ценење на звукот би постоел само еден закон кој би бил доволен за сè, а тој би гласел: што подобар квалитет на звукот – тоа погласно.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.