Рубрика: Електроника
Проект: LC метар AP-LC 1
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од многуте идеи и решенија за мерачи на капацитивност и индуктивност, се одлучив за оваа релативно едноставна изведба, но со задоволителна точност од 3%. Скапите верзии со дигитално отчитување, мостови за врамнотежување, со нестандардни компоненти кои тешко се набавуваат – веднаш беа отфрлени.

Во ова решение, преземено од книгата "301 circuit" на Elektor Electronics, користено е отчитување на аналогна скала од DC микроамперметар со осетливост од 100 микро Ампери, а точност од 2%, од чија точност практично зависи и точноста на самиот мерен инструмент. Набавката на поточен мерен инструмент со точност 1% само ја поскапува изведбата на мерачот, а подобрувањето на точноста за само 1% не се исплатува.

Уредот содржи пет подрачја за мерење на капацитивноста и индуктивноста (1 nF, 10 nF, 1 mikroF, 10 mikroF како и 100 mikroH, 1 mH, 10 mH, 100mH и 1H респективно) кое е постигнато со соодветните осцилатори од 10 Hz до 100 kHz.

Главни елементи и материјали:

D1=D2= DUG (универзална германиумска);
T1 = БФ198 или сличен;
IC1 = 40106
подножје DIL8

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.