Рубрика: Аудио и видеотехника
Акустика на просторија
Автор: Игор Мазгански
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Собата во која е поставен аудио системот е елемент, кој повеќе од која било аудио компонента, влијае на конечниот облик и квалитет на звучната репродукција во целина. Меѓутоа за разлика од снимките и другите аудио компоненти, на чиј избор, поставување и поврзување аудиофилите посветуваат особено внимание, мал е бројот на љубители на квалитетна звучна репродукција кои исто такво внимание посветуваат и на просторот во кој аудио-системот се наоѓа.

Собата комплетно ја менува тонската рамнотежа на составот, издига или потиснува одредени фреквенции во спектарот, ги нагласува колорациите, судбоносно влијае на димензиите на на стерео снимката, го пустоши транзиентниот одзив, ја отапува резолуцијата, ја заматаува бистрината на целокупната звучна слика и го менува нејзиниот изворен тонски колорит... Оваков музички пејсаж, за жал, многу често е присутен во аудио секојдневието.

Голем број на аудиофили, вината за лошо интерпретираниот звук, свесно или несвесно, ја префрлаат на поедините аудио компоненти, при што најчесто страдаат звучниците кои веќе се познати како најнесовремен дел од аудио опремата. Логиката за ваков пристап е повеќе од јасна и прифатлива: аудио компонентите, колку и да се скапи, многу лесно можат да се заменат, додека со собата тоа е многу тешко или пак неизводливо. Акустиката на просторијата сепак не е само крупен залак и кисело јаболко во која неволно загризуваат и многу упатените поединци па дури и стручњаците. Зафаќањето со овој проблем е најчесто долготраен и макотрпен процес, но и мошне значајна инвестиција.

Собата за слушање и аудио системот поставен во неа прават една акустичка симбиоза. Кога оваа симбиоза ќе се наруши, почнува паразитскиот однос. Затоа на изборот на компонентите на аудио системот и на акустичката обработка на просторијата треба да им се посвети потполно еднакво внимание. Не смее да се дозволи просторијата да биде ограничувачки фактор врз квалитетот на звукот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина