Аудио и видеотехника

Најголемиот саем на светот за аудио/видео/забавна електроника за домашна употреба се одржува на почетокот на јануари секоја година во Лас Вегас, САД. Саемот трае 4 дена и се одржува во огромните простори на Las Vegas Convention Center и Sands/Venetian, блескави храмови на електронските богови во тоа зимско време. Ова е ексклузивна репортажа за тој саем, вкусена и доживеана на лице место, во градот кој никогаш не спие.


Информатика

Целта на печатачите за домашна употреба, или пак за употреба во малите или средните фирми, е печатење на разни документи или слики кои немаат идентична содржина. При ова се бара таков тип на печатач, кој ќе има релативно голема брзина на печатење, задоволителен квалитет на печатените документи и, се разбира, сето тоа да биде финансиски исплатливо, односно да се постигне што е можно помала цена по печатена страница.


На граница на науката

Дали постојат вонземни космонаути кои со "летачки чинии" ја посетувале и сé уште ја посетуваат нашата планета? Дали многубројните сведоштва за Неидентификувани Летачки Објекти (НЛО, УФО) се доволен доказ? За расветлување на мистеријата наречена НЛО во 12 продолженија ќе се погрижат најпознатиот македонски уфолог Стојмир Симјаноски, кој ја застапува тезата за постоење НЛО, и "дежурниот скептик" Владимир Филевски, кој апсолутно го негира постоењето на НЛО.


Физика

Во еден од претходните броеви на ЕМИТЕР беше објавен напис за рубиновиот ласер. Рубиновиот ласер денеска има повеќе историско одошто практично значење. Од класата на гасните ласери, најголемо практично значење имаат CO2 ласерите. Во овој текст се разгледува CO2 ласерот.


Автомобилска техника

TOYOTA IQ е концептно градско автомобилче чија должина не ја надминува границата од 3 метри и е само еден од најавените можности со кои се покажува дека борбата во најмалиот автомобилски сегмент допрва ќе се разгорува.


Автомобилска техника

Во текстов што следува ќе се запознаеме со неколку "откачени" погони за возилата а на крајот ќе биде даден еден пример како треба (не треба) да се размислува при креирањето на нов погон (од енергетска гледна точка) за моторните возила. Прво ќе следи претставување и кратко запознавање со идејата на погонот за потоа да биде таа прокоментирана.


Аеронаутика

Едрилицата Супер Бланик Л-23 му е позната на секој пилот од балканските простори, но и на многумина пилоти ширум светот. Причина за ова е што таа е една од најквалитетните, најбезбедните и најшироко распространетите едрилици за почетна обука и тренажа на пилоти. Присутна е во многу аеро клубови, но и во професионални цивилни и воени пилотски училишта.


Астрономија и астронаутика

Последните 20-тина години дојде до голем развиток на техниката, особено на компјутерската технологија, а со тоа и на астронаутиката. Во двете астро суперсили, САД и Русија, беа произведени пилотирани летала со повеќекратна употреба и врвна технологија, од кои само Спејс шатлот влезе во редовна употреба. Беспилотни мисии беа испратени кон сите надворешни планети.


Астрономија и астронаутика

Теоретичарите се усогласени дека најновата супернова, со каталошки број SN2006gy, според нејзиниот сјај и неговото времетраење, е нов тип супернова, надвор од постоечката теорија. Се шпекулира дека во нејзиниот механизам свој удел има и антиматеријата!


Аудио и видеотехника

Компанијата Sony е позната како лидер во растечкиот пазар на видеокамери со висока дефиниција, а нивниот успех е особено голем на европскиот пазар. Новиот модел, Sony HDR-SR8E е видеокамера која го претставува "кремот" во категоријата Handycam камери, со малите димензии, ергономскиот дизајн и високите технички перформанси, овозможува снимање на исклучително квалитетни видеоматеријали.


Електроника

Една категорија стручни технички лица, класифицирана како сектор или одделение за одржување, неоправдано е запоставена и несоодветно третирана, како во големи производствени системи така и во помали единици , во кои тоа не е основна дејност. Ова е обид, на пошироката техничка јавност да се доближи филозофијата и вредноста на нивната дејност, која, за жал, во многу примери е обезвреднета и од страна на самите припадници на групацијата со нивниот непрофесионален однос.


Информатика

Дизајн, квалитет, функционалност - трите основни состојки на проверениот рецепт за креирање производ кој за вложените пари овозможува дополнителна вредност. Таков е моделот HP Photosmart D7460. Комплетен печатач со максимална конективност.


Телекомуникации

АДСЛ ТВ како посебна гранка од ИПТВ (Интернет протокол телевизија) конечно станува реалност и кај нас. Во ЕМИТЕР 1/08 ги увидовме основните специфики и разлики помеѓу АДСЛ ТВ и останатите аудиовизуелни сервиси што можат да се понудат на пазарот. Во овој број, подетално ќе се запознаеме со карактеристиките на ИПТВ прикажни преку, во моментов најпознатиот претставник АДСЛ-от, сервисите што може да ги понуди и разликите во однос на другите технологии.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на затемнување на Месечината.


Аудио и видеотехника

Еве уште еден пример како електрониката ги сплотува еден до друг дури и најлутите противници.
Решението, каде што ќе споиме два ТВ-сигнала и тие нема да си пречат еден на друг, а ќе ги користиме нашите далечински управувачи за преклопување на сигналите, е дадено во написот што следи. Со ова решение можеме да спојуваме кои било два ТВ-сигнала: антена/антена, антена/кабелска, сателитска/кабелска, па дури и две кабелски!


Електроника

За подолго време на користење на батериите од 1,5V, а при тоа напонот да остане стабилен и константен на вредност од 1,15V, ќе ви послужи електронското коло прикажано во овој текст.


Електроника

Изградете моностабилен мултивибратор, трепкач, со помош на само три компоненти: два транзистора и еден електролитски кондензатор. Да, возможно е... уверете се. Ова е сигурно еден од наједноставните трепкачи, замислете не содржи ниту еден отпорник. А функционира од прва.


Електроника

Отпорници со голема моќност се отпорници кои се способни да поднесат голема термичка дисипација, без да се уништат или значително да ги изменат своите електрични и механички карактеристики. Конструирани се така што и покрај малите физички димензии можат да поднесат големи термички напрегања. За подобра термичка размена, јадрото на овие отпорници е изградено од материјал со голема термичка спроводливост, а некогаш се и дополнително разладувани.


Информатика

На ред е една од поважните програми од палетата на Microsoft, Excel со неколку совети и трикови. Програма која може да ви помогне да ги решите побрзо табеларните и финансиските пресметки е Microsoft Excel. Покрај пресметковните операции, почесто се користи и како одлична алатка за работа со листи на податоци. Покрај тоа, ќе може да филтрирате и сортирате податоци според различни критериуми, да правите извештаи и графикони, да правите различни анализи на податоците и сл.


Информатика

Конечно го дочекавме одговорот на АМД на четиријадрените процесори на Интел. Релативно доцна, со оглед дека Интел веќе ја "израснува" втората четиријадрена генерација. Дали Phenom ќе успее доволно да ги разниша позициите на Интел? Да погледнеме.


Телекомуникации

Јапонскиот производител на мобилни телефони по бројот на продадени уреди изминатата 3 година ја заврши како втор во светски рамки (веднаш зад "вечниот лидер" Нокиа), а прв по бројот на нови модели. Во 2008 г. продолжуваат таму каде што застанаа и уште на првиот работен ден од новата година го претставија првиот модел за оваа календарска година.


Фототехника

Најновиот модел на Canon серијата, SLR - лике дизајнираниот дигитален фотоапарат, помлад брат на S3 моделот, на врвот на суперзум дигиталните апарати со стабилизатор на сликата, со својата 8 mega pix. резолуција, со право го носи епитетот за најдобар според односот квалитет/цена на списанието за фотографија Imaging Resource.


Омнибус

Спирит наиде на почва богата со силикати;
Квантен комуникациски пропуст;
Volkswagen Tiguan;
Samsung освои 32 награди на CES 2008;
Виста прва од 15-те најголеми разочарувања во 2007 година;
Panasonic HDC-SD5;
Hitachi Deskstar 7K1000: тврд диск со капацитет од 1TB;
Карта на темната материја во 3Д;
Macbook Air - најтенкиот лаптоп на светот;
Одобрено продолжување на мисијата Одисеј;
Фабрика за супернови;


Електроника

Овој едноставен и евтин индуктивно балансен детектор на метал може да детектира паричка со дијаметар од 25mm на растојание од 240mm. При тоа може "да разликува" купче железо од мала паричка од месинг, сребро или злато. Направете го и тргнете во лов на закопаното (или изгубеното) богатство.


Електроника

Дали сте загрижени поради улични мачки и кучиња што демнат и влегуваат во вашиот двор или вашиот љубимец бара силно "убедување" за да остане во некој ограничен простор? Или можеби сте сопственик на живинарска или сточарска фарма и имате проблем да ја задржите живината и стоката во оградениот простор? Овој генератор на висок напон може да биде решение за вашиот проблем.


Информатика

Веб-сервисите ни нудат основа за новата генерација на веб-апликации. Без разлика на тоа каква е клиентската апликација, било да е Windows апликација, било да е ASP.NET веб-апликација, и без разлика на каков оперативен систем клиентот работи, дали е тоа Windows, Pocket Windows или некој друг систем, комуникацијата редовно ќе се одвива преку интернет, користејќи ги веб-сервисите.


Електроника
Еве како е вграден инструментот во лабораторискиот извор од ЕМИТЕР 3/05

Ви се случува да имате изработено лабораториско напојување од некој од проектите на ЕМИТЕР, или по ваш проект, со контуниурана промена на напонот од минимална, па сé до некоја максимална вредност, а имате на располагање само еден инструмент, и сакате освен напонот да ја мерите и струјата на потрошувачот кој е приклучен на напојувањето? Се прашувате како? Одговорот ќе го најдете, ако го прочитате и проучите текстов што следува.


Писма
Илјада се ватите, еден е ом!
Имав три директни контакти со летачки чинии