Рубрика: Аудио и видеотехника
Las Vegas Consumer Electronics Show
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најголемиот саем на светот за аудио/видео/забавна електроника за домашна употреба се одржува на почетокот на јануари секоја година во Лас Вегас, САД. Саемот трае 4 дена и се одржува во огромните простори на Las Vegas Convention Center и Sands/Venetian, блескави храмови на електронските богови во тоа зимско време. Ова е ексклузивна репортажа за тој саем, вкусена и доживеана на лице место, во градот кој никогаш не спие. Лас Вегас живее поинаку од другите градови, крвотокот на Лас Вегас се реките жетони за коцкање кои како водопади се истураат врз масите за рулет и блекџек, а ритмот на пулсот на градот е ѕвонењето на "еднорачните" автомати.

Ако ви кажам дека Las Vegas Consumer Electronic Show (CES) е огромен, ќе ве излажам. Не постои доволно голем збор да се опише огромноста на таа манифестација. Своите производи на саемот ги изложуваа 3.000 (три илјади!) фирми, во 7 хали кои се толку големи што погледот не допира до другиот крај – слика 1. Дел од саемот посветен на high-end стерео и high-performance surround системите се одржува во многубројните суперлуксузни хотелски соби и апартмани на хотелите Venetians и Las Vegas Hilton. Саемот е отворен само за претставници од фирми кои се занимаваат со аудио/видео техниката и останатата забавна електроника наменета за широка потрошувачка, а исто така и за новинарите од списанијата кои се занимаваат со таа област. Обичната публика нема пристап, дури и ако сака да ја плати основниот билет од 525 долари. Со VIP влезницата од 900 долари ви се овозможува пристап до останатите затскриени простории, предавања и семинари.
По 4 дена непрекинато одење по 7 часа дневно од еден штанд на друг, со потечени стопала и истегнати раце од носење неколку килограми проспекти и каталози, со жалење констатирав дека не успеав да ги посетам сите хали, а особено не сите соби на оние производители на аудиоопрема кои ме интересираа. Ќе ви претставам дел од она што го видов и слушнав.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.