Металство и машинство
Машината од Микросам инсталирана во Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни систем при институтот НИАР во Вичита
Микросам деновиве заврши со инсталација и прием на специјално дизајнираната машина за преработка на современи композити во Националниот институт за истражување на авионика (NIAR) на Универзитетот на Вичита, САД.
Објавено на 01.04.2021 - 11:45

Омнибус
Во денешниот времеплов славиме 425 години од раѓањето на големиот француски математичар и философ Рене Декарт и 55 години од лансирањето на сондата Луна 10. Покрај ова одбележуваме 132 години од официјалното отворање на Ајфеловата кула, 190 години од раѓањето на шкотскиот хемичар Арчибалд Купер и 90 години од раѓањето на македонскиот нуклеарен физичар и академик Кирил Змбов...
Објавено на 31.03.2021 - 15:15

Информатика
Голем дел од претприемачите уште на стартот се откажуваат од поставувањето на е-продавница, сметајќи дека процесот е пресложен и дека бара поголемо познавање од областа на информатиката. Но, не треба да се предавате. Е-трговијата не е бауч, а работите може да бидат многу поедноставни ако знаете што сакате и како да го добиете.
Објавено на 31.03.2021 - 12:15

Биологија
Подводната микробиолошка опсерваторија поставена во Фарско-Шетландскиот Канал од страна на научниците од Универзитетот Хериот-Ват откри дека во овие води виреат мноштво бактерии кои се хранат со нафта. Откритието може да помогне при справувањето со некоја евентуална нафтена дамка од идните излевања на нафта во океанските води.
Објавено на 30.03.2021 - 17:15

Информатика
Барем еднаш во животот сите правиме по некоја глупост, а една од најчестите е проследена со она чувство на физичка и морална тежина во вашата глава наречено мамурлак по бурна ноќ. За раат опоравување на сите вас мамурни луѓе сега има соодветна апликација која води грижа за вашето однесување во текот на славјето, па сите оние чудни полноќни разговори со вашиот шеф сега може да станат минато
Објавено на 30.03.2021 - 13:15

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 385 години од раѓањето на Санторио Санторио, првиот лекар кој сериозно се позанимавал со проблематиката на метаболизмот, 95 години од раѓањето на пакистанскиот физичар и нобеловец Абдус Салам, 135 години од поднесокот за патент за првата практична изведба на автомобил. Исто така на денешен ден пред речиси половина век беше пронајдена глинената армија на првиот кинески цар, а објавена и студијата што ги поврза зголемениот ризик за пушачите на контрацептивна пилула...
Објавено на 29.03.2021 - 23:00

Медицина
Вакцинацијата во Шкотска покажа дека ризикот од ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА (значи и од смрт) од ковид-19 значително се намалува после примена макар само ЕДНА доза вакцина, како од Фајзер/Бајонтек така и од Оксфорд/АстраЗенека.
Објавено на 29.03.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Кон средината на овој месец руските научници го пуштија во употреба најголемиот подводен телескоп во светот со чија помош, низ беспрекорно чистите води на Бајкалското езеро, тие ќе можат да погледнат во длабочините на универзумот.
Објавено на 29.03.2021 - 11:30

Медицина
Со вчерашните 1419 нови случаи (рекорд од почетокот на епидемијата) имавме извесно натфрлање, а со денешните 1320 извесно потфрлање во однос на десезонираната крива (на првата слика), која покажува како би растел бројот на случаи доколку секој ден би се вршел ист број на тестови во сите лаборатории.
Објавено на 29.03.2021 - 00:15

Астрономија и астронаутика
Можеби фотографијава ви прилега на некаква фотомонтажа, но ако сте на вистинското место во вистинското време, би виделе токму вакво нешто. Секако, ниеден човек досега не го има видено ова, но сателитите можат да ни го доловат со своите камери.
Објавено на 27.03.2021 - 22:00

Pages