Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на најпознатиот ренесансен уметник и научник Леонардо Да Винчи. Покрај тоа го одбележуваме денот за кој многумина велат дека претставува роденден на компјутерската индустрија. Се сеќаваме и на делата на македонскиот физичар Борис Стојчев и рускиот научник Михаил Василевич Ломоносов...
Објавено на 15.04.2021 - 16:30

Омнибус
Ако во минатото, книгата беше најдобриот пријател на детето, денес тоа се таблетите, мобилните телефони, уредите и екраните. Како обид за пркос кон дигиталното време, персонализираните книги претставуваат начин на којшто се инспирира љубовта кон читањето кај децата.
Објавено на 15.04.2021 - 16:15

Хемија
Молекуларниот облак Бик, фото: Јужна европска опсерваторија
Во ѕвездениот меѓупростор, во прашината од којашто се изнедриле самите ѕвезди, научниците пронајдоа молекули што никогаш претходно не биле забележани во вселената.
Објавено на 15.04.2021 - 15:45

Информатика
На почетокот од оваа недела цената на биткоинот ја надмина вредноста од 62 000 долари, што е историска вредност на оваа криптовалута воочи излегувањето на една од најголемите крипто компании Coinbase на берзата.
Објавено на 14.04.2021 - 23:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на холандскиот физичар и астроном и еден од двигателите на научната револуција Кристијан Хајгенс, американскиот електроинженер кој остави длабока трага во развојот на електрониката, Херолд Стивен Блек, и на новозеландскиот хемичар Ален Мекдајармид. Покрај ова денес се сеќаваме и на првата жена лекар во Македонија – Захарина Димитрова Веловска, и одбележуваме точно 65 години од претставувањето на првото практично решение за видеорекордер со магнетна лента...
Објавено на 14.04.2021 - 21:15

Психологија
Со неговиот вресок човекот може да пренесе до околината најмалку шест емоции, а помеѓу секој од овие крици постојат јасни акустички разлики.
Објавено на 14.04.2021 - 12:15

Информатика
Втора година по ред Kaspersky е по квалитетот на првото место во партнерската програма Canalys Worldwide Vendor Benchmark. Компанијата доби највисока оценка од 87,8%. Со ова Kaspersky уште еднаш ги надмина останатите производители на опрема за кибер безбедност и повторно е број еден по задоволството на канал парнерите.
Објавено на 13.04.2021 - 16:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на американскиот математичар со полско потекло Стен Улам, на шкотскиот физичар сер Роберт Александар Вотсон-Ват и на американкиот биолог Мајкл Стјуарт Браун. Исто така го одбележуваме и денот кога беше лансиран првиот навигациски сателит...
Објавено на 13.04.2021 - 14:15

Биологија
Новиот вид жаби што беше откриен во амазонската џунгла. Фотографијата беше пуштена во оптек од страна на Државната служба за природни заштитени подрачја на Перу.
Државната служба за природни заштитени подрачја на Перу минатиот понеделник соопшти дека во амазонската џунгла, во делот којшто се простира во оваа земја бил откриен нов вид торбарска жаба.
Објавено на 13.04.2021 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Јуриј Гагарин во Васток
Вселенските летови со човечки екипаж денес се сметаат за обично секојдневие. Но, пред шеесетина години, на почеток на ерата на вселенски истражувања, работите стоеја сосема поинаку. Во тоа време двете супер-сили, САД и СССР, беа во трка за престиж во освојување на вселената и се натпреваруваа која од нив прва ќе испрати човек во орбита околу Земјата. Таа чест му припадна на рускиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин, а настанот се случи на 12.4.1961 година.
Објавено на 12.04.2021 - 13:15

Pages