Вештачката интелигенција наскоро ќе може да им помага на децата во учењето и подобувањето на нивните оценки вели Бил Гејтс, додавајќи дека четботите веќе би можеле да ги научат децата да пишуваат во следните 18 месеци.
„Вештачката интелигенција ќе биде добар учител и ќе може да се натпреварува со луѓето на тоа поле“, рече милијардерот за време на говорот на самитот во Сан Диего.
Изминативе месеци четботовите напредуваа со огромна брзина, па дури можат да се натпреваруваат и со луѓето во одредени области. Брзиот напредок предизвика мноштво бурни реакции, од возбуда за можностите на новата технологија до страв од негативните последици од неа.
Основачот на Мајкрософт е импресиониран од новата технологија.
„Четботовите денес се исклучително добри во читање и пишување, а оваа способност ќе им овозможи да им помагаат на учениците да научат или да ги подобрат своите вештини. На почетокот ќе се изненадиме колку можат да ни помогнат во читањето како асистенти, но и да делат совети за тоа како да го подобриме нашето пишување“, вели Гејтс.
Меѓутоа, како што вели тој, сè уште е тешко да се научат четботовите да го проценуваат квалитетот и да делат совети, бидејќи кога професорите тоа го работа тие разгледуаваат поеќе елементи како структурата, јасноста, и мноштво други особини. За тоа е потребен висок когнитивен процес, кој тешко се преточува во код.
Многу од експертите, сепак, веруваат дека четбот технологијата сè уште не е усовршена и дека четботовите може да прават големи грешки или да шират дезинформации.
„Ако погледнете 18 месеци нанапред, вештачката интелигенција ќе стане асистент на наставниците и на професорите“, додал Гејтс.