Рубрика: Омнибус
Challenge Day – oсвој стипендија за новата академска година во СЕДЦ
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 03.05.2023 - 09:30

Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи на 6 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид.
Организаторите ни пренесоа дека „СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 35 000 евра што ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентираните учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик“.

Сhallenge Day во Охрид ќе биде тестирање за:
– Академија за Програмирање – Охрид

Додека пак во Скопје Сhallenge Day ќе биде тестирање за:
– Академија за Мрежи и IT Ops
– Академија за Сајбер безбедност

– Академија за Мануелно тестирање на софтвер и Автоматско тестирање на софтвер
– Академија за Графички дизајн
– Академија за Гејм дизајн
– Академија за Веб дизајн со фронт-енд
– Академија за Програмирање

– Академија за Data Science
– Академија за Дигитален маркетинг


Веруваме дека пристапот до квалитетно образование е вистинскиот начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Оттука Challenge Day за нас не е обичен ден на кој доделуваме вредносни ваучери за некоја од академиите. Тој е потсетување на нашата мисија и одговорност да менуваме животи”, – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на СЕДЦ.

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација.

Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете од одговорните лица на 078 341 777

Клучни зборови: