Медицина
Ја разгледуваме врската помеѓу 14-дневната инциденца на новозаразување и опфатот со вакцинација по градови. Иако пресметковно се добива извесен коефициент на негативна корелација, дополнителните анализи покажуваат дека корелацијата не е статистички значајна. Со други зборови, поголем опфат со вакцинација нужно не значи помала инциденца на заразување...
Објавено на 29.09.2021 - 18:00

Електроника
Светот се движи кон економија преплавена од сензори, каде милијарди уреди ќе бидат опремени со повеќе сензори и меѓусебно поврзани во Интернетот на нештата. Важен дел од оваа економија се светлинските, односно фотосензорите – мали електронски компоненти засновани на полуспроводниците, кои ја детектираат светлината и ја претвораат во електрични сигнали. Фотосензорите веќе се присутни насекаде околу нас, од електронските гаџети во домаќинството и медицинската опрема па сè до автомобилте и и системите за оптички комуникации.
Објавено на 29.09.2021 - 11:45

Психологија
Добри вести за “радио Милевите” од нашето соседство. Едно неодамнешно истражување открива дека озборувањето има и позитивни аспекти – создава социјални врски и овозможува индиректно да го запознаете светот, виден низ очите на другите.
Објавено на 28.09.2021 - 16:30

Информатика
Најголемиот глобален хакатон во светот – NASA Space Apps Challenge, кој овој пат се одржува јубилејно по 10-ти пат, од 1-ви до 3-ти октомври 2021 година, ќе донесе можност за двајца учесници да отпатуваат во посета на NASA. За потсетување, NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градители, уметници, технолози кои, организирани во локални тимови, ќе работат 48 часа за да ги решат овогодинешните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања NASA.
Објавено на 28.09.2021 - 10:15

Климатологија
Посветлите облаци го намалуваат обемот на сончевото зрачење коешто ќе пристигне до површината на Земјата, а со тоа придонесуваат за ладење на површината. Со зголемување на температурата се зголемуваат и емисиите од органски соединенија што потекнуваат од вегетацијата, кои имаат способност да го забават затоплувањето на климата.
Објавено на 27.09.2021 - 13:15

Медицина
Едно истражување во коешто учествуваа повеќе од 100 000 луѓе со дијабетес тип 2 (Т2Д), покажа дека отпорноста на инсулин е поврзана со појавата на мозочен удар. Истражувањето беше претставено на годишниот состанок на Европската асоцијација за проучување на дијабетес оваа година, која беше одржана онлајн.
Објавено на 27.09.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Откритието на две галаксии ги направи астрономите да се прашуваат колку уште објекти е можно да се наоѓаат скриени зад космичките облаци прашина во вселената. Но, уште побитно, укажа и дека пописот на објекти во нашиот локален универзум е сè уште нецелосен.
Објавено на 23.09.2021 - 17:15

Медицина
Штета што од Министерството за здравство не даваат повеќе информации за бројот на починати, вакцинирани и невакцинирани, особено според староста, за да можеме да направиме поточна пресметка на ефективноста на вакцините. Сепак, врз основа на последните, минимални објавени податоци од петокот (88% од починатите биле невакцинирани), како и врз основа на опфатот со вакцинација кај постарите од 60 години (64% вакцинирани), еве една формула за пресметка на ефикасноста на вакцините кај оваа најстара возрасна група.
Објавено на 22.09.2021 - 17:15

Медицина
Според сите индикатори моментално имаме состојба на стабилен раст, како што се нарекува заразувањето со приближно константен дневен број на нови случаи. Ефективниот репродукциски број Rt (на првиот дијаграм) изнесува приближно единица, означувајќи дека моментално нема ни забрзување ни забавување на епидемијата, туку возиме со приближно константна брзина.
Објавено на 22.09.2021 - 11:30

Електроника
Една иновацијата на истражувачите од Универзитетот Пердју може да помогне во создавање на помали транзистори, кои ќе користат помалку енергија и кои ќе се вклучуваат и исклучуваат при помал напон. Иновацијата има потенцијал да донесе подобри и помоќни генерации на компјутерски процесори, кои ќе можат да направат повеќе пресметки со користење на помалку енергија.
Објавено на 21.09.2021 - 17:15

Pages