Информатика
Од 1 до 10 јуни Охрид ќе биде домаќин на еден мошне интересен и атрактивен настан од областа на информациските технологии. Се работи за серија интерактивни предавања и мултимедијална изложба надградена со проширена реалност обединети во насловот “Духот од електронската ламба”.
Објавено на 30.05.2022 - 12:00

Биологија
Cyanistes caeruleus – еден од видовите птици вклучен во истражувањето
Меѓународен тим ја квантифицираше стапката на генетско наследство кај птиците и цицачите. Дарвиновата теорија за еволуцијата ја опишува природната селекција како успешна адаптација на еден вид како резултат на генетските промени наследени со текот на времето. Иако ова традиционално се сметаше за релативно бавен процес, што значи дека се потребни најмалку неколку генерации за да се случи промената, се чини дека веројатно сме ги потцениле стапките на генетско наследство. Меѓународниот тим, во чијшто состав влегле 40 истражувачи од 27 научни институции, откри дека „двигателот на еволуцијата“ се чини дека е поприсутен отколку што досега се сметаше, а природната селекција се случува со два до четири пати поголема брзина.
Објавено на 27.05.2022 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Познатиот и сè уште мистериозен Wow! сигнал, што накратко беше забележан во текот на ноќта на 15 август 1977 година, можеби дошол од ѕвезда слична на Сонцето, оддалечена околу 1 800 светлосни години од нас и сместена во соѕвездието Стрелец.
Објавено на 27.05.2022 - 14:45

Информатика
Sophos, глобалниот лидер за новите генерации на кибер-безбедност, објави дека откриле како напаѓачи се инфилтрирале во еден од регионалните сервери на владата на САД и во него поминале пет месеци. Во тој период тие го користеле серверот за онлајн пребарување за алатки за ИТ администрирање и...
Објавено на 26.05.2022 - 15:30

Автомобилска техника
Истражувачите од Универзитетот Карлос Трети во Мадрид (UC3M) развија сензор и метод за откривање на условите на патот додека возилото се движи.
Објавено на 25.05.2022 - 11:15

Медицина
Истражувачите откриле дека кога државата ја декриминализира рекреативната употреба на марихуана, употребата на алкохол и злоупотребата на лекови против болки и пушењето цигарите кај младите се намалува. Во трудот објавен неодамна во во научното списание Journal of Adolescent Health, научниот тим ги презентира резултатите од нивното истражување на анкетните податоци за младите луѓе кои живеат во државата Вашингтон, во САД, откако државата ја декриминализирала рекреативната употреба на марихуана во 2012 година.
Објавено на 25.05.2022 - 10:30

Астрономија и астронаутика
Мапа на можни наоѓалишта на вода под површината на Јужниот пол на Месечината, заснована врз температурните податоци од ЛРО
Дали некогаш сте се запрашале на што се должи сиво-белиот мермерен ефект на површината на Месечината? Темните дамки, наречени мориња (maria на латински), се резултат од серија вулкански ерупции што се случиле пред милијарди години, покривајќи големи површини со врела лава. Остатоците од овие древни вулкани може да се покажат клучни во обезбедувањето извор на вода за идните астронаутите.
Објавено на 23.05.2022 - 13:45

Климатологија
До 2050 година, повеќе од 80 отсто од земјиштето што сега е посветено на земјоделството повеќе нема да има доволно вода за одгледување на земјоделски култури. Ова значи дека нивната култивација сосема извесно ќе треба да се пресели и концентрира на други места од земјината топка.
Објавено на 23.05.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Првата вселенска мисија со астронаути до астероидниот појас би можела да се случи во рок од 50 години, велат ракетните инженери, но под услов луѓето да го “освојат” Марс до 2038 година. Нивното предвидување се заснова на економска анализа на стапката на раст на вселенските буџети со текот на времето, како и врз проширувањето на сферите на интерес и апетитите за освојување на вселената на луѓето од почетокот на вселенската ера до денес.
Објавено на 23.05.2022 - 11:15

Омнибус
По повод меѓународниот ден на музеите 18-ти мај, проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ пред експертите на НУ Завод и Музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д тактилни мапи и слики на културно-историски споменици, која ја разви во соработка со м-р Јове Парговски и консултации со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и Музеј Битола и Весна Софрониевска од Сојузот на слепи – Битола.
Објавено на 20.05.2022 - 11:30

Pages