Аудио и видеотехника
Звучна перфекција која го одбележа годинешниот аудио саем во Загреб Годинава која привршува Теохаров аудио ја заокружи со промоција на своето најново дело коешто го конструираше во соработка со Влатко Стефановски.
Објавено на 03.11.2021 - 11:30

Биологија
Група научници од Очниот центар Џон А. Моран при Универзитетот на Јута, САД, откриле нов тип на нервна клетка, односно неврон, во мрежницата. Како што објаснуваат, имајќи ја предвид морфологијата, физиологијата и генетските својства на оваа клетка, “ таа не се вклопува во петте класи на ретинални неврони кои првпат беа идентификувани пред повеќе од 100 години “.
Објавено на 02.11.2021 - 13:00

Роботика
Тимот на компанијата за роботика Бостон Дајнамикс (Boston Dynamics) објави промотивно видео во коешто истовремено им оддава почест на легендарните Rolling Stones. Имено, оваа година се навршуваат точно 40 годишни од објавувањето на нивниот мегахит, песната Start Me Up. Песната беше впечатлива и по видео спотот што ја придружуваше. Во него Мик Џегер игра и се движи по сцената изведувајќи ја песната, додека членовите на групата свират на нивните инструменти.
Објавено на 02.11.2021 - 11:45

Биологија
Ерни Лапоинт пред фотографија од неговиот дедо
Тврдењата на еден човек, Ерни Лапоинт, дека е правнук на легендарниот индијански водач Бик што седи беа потврдени со употреба на ДНК којашто беше извлечена од парчето коса за кое со сигурност се знае дека некогаш било дел од овој голем човек. Ова е прв случај со помош на анализа на стара ДНК да се потврди семејната врска помеѓу некоја историска личност и поединец, наш современик.
Објавено на 28.10.2021 - 18:30

Наутика
Научниците од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција и лабораторијата за одржливи урбани решенија Senseable City Laboratory при МИТ (MIT, CSAIL), заедно со Амстердамскиот институт за напредни урбани решенија (АМС) во Холандија, го презентираа последниот проект од нивната самонавигациска трилогија – целосно автономно роботско кајче, во природна големина, коешто е подготвено за употреба во каналите на Амстердам.
Објавено на 28.10.2021 - 13:00

Омнибус
Пандемијата донесе брза и обемна промена во многу области од животот на сите – брз подем интернетот, дигитализацијата, учењето од далеку, работата од дома... Но, се чини дека донесе и еден несакан ефект – придонесе студентите почесто да посегнуваат кон плаќање за друг да им ги изработи семинарските/дипломските па и други проектни трудови и задачи со цел “полесно” или поуспешно да ги “исчистат” и поминат нивните академски предмети и студии.
Објавено на 27.10.2021 - 13:45

Информатика
Објавено на 25.10.2021 - 17:00

Медицина
Добри вести: откриен е механизам кој спречува воспаление на централниот нервен систем како последица на воспаление во стомакот. Лоши вести: промената на релација црева-мозок генерира анксиозност и депресија.
Објавено на 25.10.2021 - 16:45

На граница на науката
Дали Стенли Кубрик го режирал лажното спуштање на луѓе на Месечината?
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој единаесетти дел од серијата зборуваме за темата: „Објективот од НАСА и интервјуто со Стенли Кубрик“.
Објавено на 22.10.2021 - 13:15

Медицина
Веќе извесно време се забележува дека стапката на леталитет, како сооднос на бројот на починати и вкупниот број на случаи (Case Fatality Rate - CFR) е невообичаено висок. Од доаѓањето на Делта сојот до денес, оваа стапка изнесува 3,83% (+/-0,10%), што е значително повеќе од стапката пред појавата на Делта сојот (3,52%). Досега тоа го толкувавме со намалениот број на тестирања.
Објавено на 22.10.2021 - 11:45

Pages