Рубрика: Омнибус
Формирано Здружение за промоција на македонска култура во Полска
Објавено на 28.11.2023 - 13:00

Обраќање на претседателот на Здружението за промоција на македонската култура во Полска, г-динот Горан Шутиновски, како и представување на дел од тимот позади оваа идеја.

На 25 ноември, во просториите на Волскиот центар за култура во Варшава,  се одржа инагуративниот настан по повод формирањето на Здружението за промоција на македонска култура во Полска, регистрирано под името (на полски јазик) Stowarzyszenia Kultury Macedońskiej w Polsce.

На настанот беа презентирани краткорочните и долгорочните цели на здружението како и неговата структура, од страна на претседателот на здружението г. Горан Шутиновски. Со поздравен говор пред присутните се обрати и в.д. амбасадорот на Македонија во Полска, г. Илија Псалтиров.

Лево: Oбраќање на в.д. амбасадорот на Македонија во Полска, г-динот Илија Псалтиров; Десно: Дел од изложените македонски орнаменти

Програмата продолжи со проекција на два краткометражни филма – „Долу од рајот“, во режија на Саша Станишиќ, и „Ќе му се јавам на татко ти“, во режија на Леонид Ристов. Ансамблот за песни и танци при Економскиот универзитет во Варшава, настапи со изведба во живо на неколку полски народни песни, а посебно за оваа пригода, и на големо воодушевување на присутните, ансамблот ја отпеа во  македонски јазик и македонската песна „Македонско девојче“, оригинално напишана и компонирана од македонската музичка легенда Јонче Христовски.

Дел од изложените фотографии на Даниел Анастасов, со мотиви од Скопје и од Варшава

Во изложбениот простор на културниот центар имаше и поставка на авторски урбани фотографии од Скопје и Варшава на г. Даниел Анастасов, потпретседател на Здружението, а беа изложени и македонски орнаменти од приватните колекции на некои од членовите на здружението. Изложено беше и достапно за продажба двотомното издание „Македонија – Јозеф Обрембски“ во редакција на Ана Ангелкин, Јоана Рексас и Илија Упалевски од Институтот за етнологија во Варшава.

Презентација и продажба на книгата 'Македонија според Ј. Обрембски'

Заедничка фотографија на дел од присутните гости со членовите на Ансамблот за песни и танци при Економскиот универзитет во Варшава

Следуваше неформалниот дел во бифето на културниот центар каде што присутните имаа прилика да дегустираат вкусна македонска храна како и вината од винаријата Далвина.

Голем дел од гостите на настанот изразија интерес да се приклучат и зачленат во здружението и веруваме на градење на солидно членство во месеците што следуваат.

Неформално дружење на крајот од настанот

За Здружението
Здружението за промоција на македонска култура во Полска е непрофитна невладина организација, чија примарна мисија е да ги обедини Македонците кои живеат во Полска, да гради пријателски полско-македонски односи, да ја промовира македонската култура, уметност, јазик и да ги доближи до сите оние кои сакаат да ја запознаат Македонија.

ЦЕЛИ за кои се залага Здружението:
1. Промоција и поддршка на македонската култура, јазик, образование, наука, историја, уметност, традиции, музика и обичаи.
2. Градење пријателски полско-македонски односи и негување контакти и соработка во услови на мултикултурно и разновидно општество.
3. Обезбедување информативна помош и поддршка на Македонците во Полска.
4. Соработка и реализација на заеднички проекти со Македонци и Полјаци во Полска и во странство, како и поддржувачи и пријатели на широко ценетата македонска култура.

--- промотивна објава ---

Клучни зборови:
Обраќање на претседателот на Здружението за промоција на македонската култура во Полска, г-динот Горан Шутиновски, како и представување на дел од тимот позади оваа идеја.

Обраќање на претседателот на Здружението за промоција на македонската култура во Полска, г-динот Горан Шутиновски, како и представување на дел од тимот позади оваа идеја.

Обраќање на в.д. амбасадорот на Македонија во Полска, г-динот Илија Псалтиров.

Обраќање на в.д. амбасадорот на Македонија во Полска, г-динот Илија Псалтиров.

Дел од изложените македонски орнаменти

Дел од изложените македонски орнаменти

Презентација и продажба на книгата 'Македонија според Ј. Обрембски'

Презентација и продажба на книгата 'Македонија според Ј. Обрембски'

Дел од изложените фотографии на Даниел Анастасов од Скопје и Варшава