Рубрика: Електроника
Изложба „Од шибер до дигитрон“ – производството на помагала за пресметување во Хрватска
Објавено на 29.11.2023 - 16:45

Плакатот за изложбата 'Од шибер до дигитрон'

На 23.11.2023 во Техничкиот музеј „Никола Тесла“ во Загреб беше отворена изложбата „Од шибер до дигитрон – Производството на помагала за пресметување во Хрватска“. Изложбата ја прикажува историјата и развојот на разните видови пресметувачки помагала и калкулатори, кои се произведувале во Хрватска во периодот од 1948 до 1992 година. На изложбата се опфатени предмети и уреди од фундусот на Техничкиот музеј и од приватни збирки, како и документација и фотографии од трите фабрики што се занимавале со производство на калкулатори: Tvornica računskih strojeva (TRS), Digitron и RIZ. Автор на изложбата е проф. д-р Борис Халас (Boris Halasz), кој веќе подолго време работи на собирање, истражување и организирање на изложби на електронски и механички калкулатори и други помагала за пресметување. Изложбата ќе биде отворена за посетители од 24.11.2023 до 31.03.2024.

Од отворањето на изложбата

Во продолжение ви го пренесуваме текстот наменет за медиумите, во врска со изложбата и придружниот каталог.

За изложбата

Од најраните почетоци на цивилизацијата, човекот се служел со помагала за пресметување (камчиња, стапчиња, абакус...), а подоцна и со разни геометриски конструкции и таблици. Но вистинското поместување напред се случило во 17-тиот век, со откривањето на логаритмот и изработката на логаритамските таблици (J. Napier, 1614), со изумот на логаритамскиот калкулатор (W. Oughtred, 1620), и конечно, со изумот на механичките уреди за пресметување (B. Pascal, околу 1622 и G. Leibniz, 1674).

Пресметувањето на логаритамските таблици барало огромен напор и време, бидејќи ги пресметувале големи групи на луѓе, со примитивните помагала кои тогаш биле достапни. Изработката на логаритамските пресметувачки помагала не била технолошки предизвик, но барала голема прецизност на нанесувањето на ознаките на скалите.

Механички и електро-механички калкулатори на TRS Zagreb

Од друга страна, за механичките уреди за пресметување била потребна висока прецизност на изработката на механизмите, која тогаш, во 17-ти и 18-ти век, била едвај достапна. Па така, сѐ до целосниот развој на индустриската револуција во втората половина на 19-тиот век, нивното производство било достапно само на неколку технолошки најразвиени земји (САД, Германија, Франција и уште некои), а дури и потоа, производството на механичките уреди за пресметување се сметало за една од перјаниците на индустриското производство на некоја земја.

Нивната, следствено, висока цена и желбата да се избегне увоз, но и прашањето на престиж, во многу земји довеле до обиди и настојувања да се основа сопствено производство.

Електронски канцелариски калкулатори на Digitron Buje

Според досегашните сознанија, на подрачјето на денешна Хрватска, но и во поширокиот регион, немало производство на пресметувачки помагала сѐ до завршувањето на Втората светска војна. По војната, во доцните четириесетти години, имало неколку (неуспешни) обиди за изработка на логаритамско помагало за пресметување (од Učila и Lipa Mill во Загреб), како и неколку повеќе или помалку успешни, но не и масовни производства во Карловац, Сараево, Белград и Словенија. За вистинско производство на пресметувачки помагала може да се зборува веројатно дури на почетокот на 60-тите години, кога словенечкиот производител на прибор за цртање Трисо од Словењградец произвел неколку модели на логаритамски помагала. Но тоа практично било веќе на крајот на нивната „кариера“, која завршила со појавата на електронските калкулатори, во средината на 70-тите години.

Логаритамско помагало за пресметување (шибер)

Производството на механички уреди за пресметување се одвивало само во Хрватска, во Загреб, во фабриката Tvornica računskih strojeva (TRS). TRS е основана со декрет на владата, во 1948, од нула. Со помош на локалните занаетчии и германските воени заробеници-инженери, во средината на 1950-тите започнало производството на машини за пресметување врз основа на Однеровиот (W. T. Odhner) принцип, кои биле произведувани до првата половина на 1970-тите. Во шеесеттите години од Италијанците и Швајцарците е преземена и лиценца за производство на неколку типови на механички уреди за собирање, со што се заокружува понудата на механички уреди за пресметување.

Механичкиот калкулатор Calcorex 403 на TRS Zagreb

На почетокот на шеесеттите години (1961) во светот се појавува првиот модел на канцелариски електронски калкулатор, од 1964 тој број се зголемил на околу десет, а до крајот на шеесетите години понудата на канцелариски електронски калкулатори достигнала до неколку десетици модели.

Во 1970-та TRS формирал тим на електроничари, со задача да го конструираат првиот електронски калкулатор од домашно производство, што резултирало со производство на моделот TRS 501 некаде во 1973-та и набрзо потоа и на моделот TRS 506. Со тоа во TRS во Загреб започнало производството на канцелариските електронски калкулатори, што продолжило со голем број на модели од сопствена конструкција и производство сѐ до ликвидацијата на фабриката во 1992 година.

Џeбните модели на калкулатори се увезувале од Јужна Кореја (од производителот Qualitron), во средината на 1970-тите, а во Загреб само се составувале.

Џебни калкулатори на TRS Zagreb, во друштво со калкулаторот Sharp EL-506P

Во февруари 1971, во гратчето Бује на Истра била основана фабриката Digitron, со цел производство на електронски калкулатори. На почетокот Digitron само продавале увезени канцелариски модели, а од непознат извор обезбедиле и еден модел на џебен калкулатор (DB 800), за кој се фалеле дека е „првиот модел на џебен калкулатор надвор од Јапонија или барем во Европа“.

Но благодарение на брзиот развој на производството на интегрирани кола во светот, пред се во САД и Јапонија, Digitron веќе во 1973 претставил модел на џебен калкулатор и од сопствено производство (DB 801), а потоа и цела низа на слични модели. Во исто време се одвивало и усвојувањето на сопствено производство на канцелариски калкулатори, што до почетокот на 90-ите резултирало со голем број на модели (според достапните податоци - повеќе од 30!). Благодарение на широкиот опсег на производната програма (калкулатори, каси, телепринтери, ваги, спортски семафори), фабриката Digitron ја преживеала транзицијата и приватизацијата и работи и ден денес.

Лево: Калкулаторот Index на TRS Zagreb; Десно: Џебните калкулатори db 812 и db 813 на Digitron Buje

Во еден краток период околу средината на 70-тите, фабриката RIZ (Radio Industrija Zagreb) во Загреб произведувала мал број модели на џебни калкулатори (не повеќе од 5), по сѐ судејќи само со склопување на увезени компоненти.

Денес пак во Хрватска нема производство на помагала за пресметување.

За жал, податоците во врска со производството на овие три фабрики се недостапни (TRS е ликвидиран, документацијата е фрлена, а недостапна е и документацијата на Digitron и RIZ).

Изложбата и каталогот за производството на пресметувачки помагала во Хрватска опфаќаат низа на предмети од фундусот на Техничкиот музеј „Никола Тесла“ (од збирката Пресметувачка техника), како и од приватни колекции.

Канцеларискиот калкулатор Omega 2 на Digitron Buje

Збирката Пресметувачка техника содржи поголем број на мошне интересни и историски важни примероци на механички уреди за пресметување, како и важни примероци на логаритамски помагала и електронски калкулатори од домашно и странско производство. Во последните години збирката е целно надополнувана со примероци/производи на RIZ, TRS и Digitron, најмногу благодарение на ангажманот на авторот на изложбата проф. д-р Борис Халас, кој исто така детално ги обработил и опишал собраните предмети.

Покрај колекционерската страст на авторот, која го води во собирање на уреди и помагала за пресметување, важно е да се истакне и дека изложбата и каталогот се резултат на исцрпно и сеопфатно научно истражување, проткаено со личен печат на авторот - духовити коментари и експертски споредби.

Борис Халас со голем ентузијазам ги истражува сите можни извори и архиви, ги посетува остатоците на фабриките и следи траги... сѐ со цел да дојде до податоци и предмети, кои потоа ги обработува, интерпретира и контекстуализира со вистински музеографски нерв.

Рекламен проспект за канцеларискиот калкулатор Scalar на Digitron Buje

Покрај техничкиот аспект на претставените предмети/производи, авторот ги претставува и општествените, економските и политичките околности на настанувањето на фабриките, нивната работа, развој и пропаѓање, со што дава сеопфатен приказ на домашното производство на пресметувачка техника.

Д-р Борис Халас е дипломиран машински инженер и пензиониран професор на Факултетот за машинство и бродоградба (Fakultet strojarstva i brodogradnje (FSB)) во Загреб. На факултетот работел во Заводот за термодинамика, топлинска и процесна техника, од 1975 до пензионирањето во 2015 како редовен професор.

Професорот Халас на факултетот организирал и неколку научно-популарни изложби на темата Пресметувачка техника, а автор е и на големата изложба оригинално именувана како „Koji je tvoj (z)broj? – Povijest računanja od abakusa do kalkulatora“, одржана во Техничкиот музеј „Никола Тесла“ во 2017.

 

 

Превод и адаптација: Горан Џамбазов

Линкови:
Веб-страницата за изложбата на Техничкиот музеј „Никола Тесла“: https://tmnt.hr/izlozba?id=8555

Бонус видео

Клучни зборови:
Плакатот за изложбата 'Од шибер до дигитрон'

Плакатот за изложбата 'Од шибер до дигитрон'

Механички и електро-механички калкулатори на TRS Zagreb

Механички и електро-механички калкулатори на TRS Zagreb

Електронски канцелариски калкулатори на Digitron Buje

Електронски канцелариски калкулатори на Digitron Buje

Логаритамско помагало за пресметување (шибер)

Логаритамско помагало за пресметување (шибер)

Механичкиот калкулатор Calcorex 403 на TRS Zagreb

Механичкиот калкулатор Calcorex 403 на TRS Zagreb

Џебни калкулатори на TRS Zagreb, во друштво со калкулаторот Sharp EL-506P

Џебни калкулатори на TRS Zagreb, во друштво со калкулаторот Sharp EL-506P

Калкулаторот Index на TRS Zagreb

Калкулаторот Index на TRS Zagreb

Џебните калкулатори db 812 и db 813 на Digitron Buje

Џебните калкулатори db 812 и db 813 на Digitron Buje

Канцеларискиот калкулатор Omega 2 на Digitron Buje

Канцеларискиот калкулатор Omega 2 на Digitron Buje

Рекламен проспект за канцеларискиот калкулатор Scalar на Digitron Buje

Рекламен проспект за канцеларискиот калкулатор Scalar на Digitron Buje

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Од отворањето на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата

Професорот Борис Халас, авторот на изложбата