Макетарство и моделарство
Во склоп на активностите на Воздухопловната федерација на Македонија, Моделарска комисија, оваа година се организираа повеќе натпревари во категории кои претставуваат врв на воздухопловносто моделарство. Па така, изминатиот викенд, на 7 ноември, се одржа воздухопловна манифестација од натпреварувачки карактер, но и со цел размена на искуства и рекреативно летање со разни категории РУ модели.
Објавено на 08.11.2021 - 15:00

Информатика
Верификацијата во два чекора не е нова работа, но сепак за многумина е непознат концепт, иако може да спречи хакирање на сметката и кражба на лични податоци. Вториот чекор во процесот на автентикација на корисникот е значително подобра заштита на сметката во споредба со лозинката. Некои онлајн сервиси веќе воведоа задолжителна двофакторна автентикација за сите корисници, а сега и Google одлучи да го стори истото.
Објавено на 08.11.2021 - 12:45

Медицина
Просто неверојатно е до каде може да оди релативизирањето на броевите и оправдувањето за непреземањето мерки. На тој начин, со потценување на ризиците, на населението му се влева лажна сигурност и имплицитно се охрабрува на рискантно однесување, а тоа носи нови случаи и во крајна линија нови мртви.
Објавено на 08.11.2021 - 11:30

Биологија
Накратко, наесен лисјето ги добива боите на пигментите содржани во него – каротеноиди и антоцијани, коишто преку лето остануваат скриени од зеленилото на хлорофилот. За тоа како се добива секоја од есенските бои на лисјето... читајте понатаму ;)
Објавено на 05.11.2021 - 16:00

Автомобилска техника
Автомобилите веќе знаат како да се паркираат, да ги предупредат дремливите возачи, да се вратат на вистинската лента и да предлагаат маршрути до избраната дестинација. Сега, новите автомобили на Mazda што веќе следната година треба да започнат да се продаваат во Јапонија, ќе знаат кога возачите претрпеле мозочен или срцев удар, по што ќе застанат.
Објавено на 05.11.2021 - 13:00

Информатика
На самиот почеток на новата учебна година, СмартАп лабораторијата за социјални иновации, поддржана и финансирана од градот Скопје, подготвува креативна и едукативна авантура за сите средношколки и средношколци од град Скопје – работилница за 3Д моделирање и печатење. На 15 мотивирани и љубопитни средношколци од Скопје ќе им се понуди можност во текот на еднодневната работилница да научат основите, како и дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.
Објавено на 05.11.2021 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Роверот Кјуриосити на Марс
Меѓународниот тим од вселенски истражувачи во соработка со Центарот за вселенски летови Годар на НАСА, открија досега непознати органски молекули на Марс. Откритието е направено со помош на нов експеримент изведен со помош на роверот Кјуриосити (Curiosity). Резултатите од истражувањето се објавени деновиве во списанието Nature Astronomy.
Објавено на 04.11.2021 - 12:30

Информатика
Од кога се појави на Нетфликс, серијата Squid Game привлече големо внимание. Таа се инфилтрира во сите сфери од животот, па дури и во крипто-светот. За ова последново, се испостави дека е измама...
Објавено на 04.11.2021 - 11:45

Информатика
Интернетот внесе промена во начинот на којшто ги следиме работите – читаме весници онлајн, купуваме книги, исто онлајн, симнуваме музика, гледаме серии филмови сè онлајн. Пандемијата, само ги забрза и дополни овие нови начини на комуникација. Така, недостатокот од реално кино дополнително ја популаризираше употребата на т.н. стриминг сервиси – Нетфликс влезе во секој дом. На овие сервиси ретко може да се најдат содржини со македонски јазик, а уште помалку од македонска продукција. Но, од денес работите се менуваат. Пристигнува GLEY – првата македонска национална стриминг платформа, а нивниот слоган – GLEY што сакаш, кога сакаш, колку сакаш – ги истакнува токму новите гледачки навики на публиката.
Објавено на 03.11.2021 - 15:15

Медицина
Не требаше долго да чекаме, само 10 дена беа доволни за да го видиме ефектот на укинувањето на сите мерки за баровите, ноќните и диско клубовите. Дневниот број на случаи фати чекор со нагорната линија на трендот (зелената линија на првиот дијаграм), а седумдневната подвижна средина (портокаловата линија на истиот дијаграм) повторно се сврти нагоре.
Објавено на 03.11.2021 - 14:00

Pages