Рубрика: Астрономија и астронаутика
Подгответе се за големиот спектакл на Геминидите
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.12.2023 - 13:45

Kомпозитна слика на метеорскиот дожд Геминиди, снимена на 14 декември 2022 година

Иако помалку познат од Персеидите и редовниот декемвриски метеорски дожд Геминиди сепак може да понуди одличен спектакл, за оние кои можат да го истрпат студот на зимските вечери и да останат да го набљудуваат небото до доцна во ноќта. Оваа година за набљудување на Геминидите имаме мошне поволни услови, со оглед на тоа што врвот на метеорскиот доижд се случува за време на т.н. млада месечина. Па така, ноќното небо ќе биде мошне темно во моментот кога Геминидите ќе станат видливи во доцните вечерни часови, па сѐ дури светлината на зората не го осветли хоризонтот. А колку е колку небото е потемно – толку е подобро и шоуто... се разбира, ако и метеоролошките услови бидат поволни.

“Ѕвездите падалки” се појавуваат кога зрна прашина навлегуваат во атмосферата на Земјата, согорувајќи на висина од повеќе од 80 километри. Колку зрното е поголемо или побрзо, толку е посвела трагата на небото. Ова се случува затоа што при нејзиниот пат околу Сонцето Земјата постојано минува низ региони со прашина и помали остатоци што зад себе ги оставиле астероидите и кометите. При поминувањето низ овие региони, количината на честички што влегуваат во атмосферата се зголемува, при што се создава метеорски дожд.

Краток приказ на еден Геминид фото: Википедија

Така, секој декември, Земјата минува низ остатоците што зад себе ги оставил астероидот 3200 Фаетон. Се работи за објект со мошне издолжена орбита којашто го приближува до Сонцето многу поблиску од најблиската планета Меркур, а потоа објектот се оддалечува и неговата орбитална патека го носи подалеку од Марс. Како резултат на тоа, астероидот наизменично се топи и се замрзнува, па како последица на тоа постепено се распарчува, расфрлајќи прашина низ вселената вдолж неговата патека. Па, секогаш кога патеката на Земјата ќе се вкрски со орбитата на тој објект, таа низ поле исполето со неговите “отпадоци”, што резултира со метеорскиот дожд Геминиди.

Фотографија на метеорскиот дожд Геминиди фото: Википедија

На Земјата и требаат неколку недели да помине низ остатоците што зад себ ги оставил Фаетон, и во поголемиот дел од тоа време, Геминидите претставуваат минорен настан. Сепак, кон средината на декември, во текот на две-три ноќи, додека нашата планета поминува низ најгустиот дел на “полето со отпадоци”, метеорскиот дожд Геминиди знае да “произведe” и повеќе од 100 метеори текот на еден час. Предвидувањата се дека над Скопје и Македонија оваа година ќе имаме речиси совршени услови за набљудување, а очекувањата се дека ќе може да се видат и до 150 метеори во текот на еден час.

Астероидот 3200 Фаетон, родителско тело на Геминидите, снимен на 25 декември 2010 година, со телескопот F14 Касегреин од 37 cm на опсерваторијата Винер, Соноита (MPC 857) Фото: Marcoaliaslama,  Википедија

Метеорскиот дожд може да се види само кога локацијата на којашто се наоѓате е свртена кон “изворот” на метеорскиот рој. Ова значи дека метеори нема да видите сѐ дури соѕвездието Близнаци не се појави на небото над вашата локација. Притоа, колку сте по на север на планетата, толку порано во вечерта ќе го видите овој т.н. радијант – точка на небото од која што се чини дека извираат метеорите. Колку радијантот се наоѓа повисоко на небото, толку повеќе метеори ќе можете да видите. Најдобро време за набљудување на Геминидите ќе биде вечерта и ноќта на 14 декември. Но, постои можност во помал интензитет Геминидите да се набљудуваат во вечерните часови пред и по 14 декември, се разбира, секогаш кога радијантот е над хоризонтот.

Радијант на Геминидите

Најдобриот начин да се забележат и набљудуваат метеорите е да се лоцира и гледа кон радијантот (т.е. соѕвездието Близнаци) и тој да се следи во текот на ноќта. Идеално, глетката е најдобра ако небото се набљудува под агол од околу 45 степени од тлото, па така лежењето е најдобра позиција.

Клучни зборови:
Kомпозитна слика на метеорскиот дожд Геминиди, снимена на 14 декември 2022 година

Kомпозитна слика на метеорскиот дожд Геминиди, снимена на 14 декември 2022 година, над Амадо, Аризона. Фото: EarthSky Community Photos | Џон Ешли

Фотографија на метеорскиот дожд Геминиди фото: Википедија

Фотографија на метеорскиот дожд Геминиди фото: Википедија

Астероидот 3200 Фаетон, родителско тело на Геминидите, снимен на 25 декември 2010 година

Астероидот 3200 Фаетон, родителско тело на Геминидите, снимен на 25 декември 2010 година, со телескопот F14 Касегреин од 37 cm на опсерваторијата Винер, Соноита (MPC 857) Фото: Marcoaliaslama, Википедија

Радијат на Геминидите

Радијат на Геминидите

Краток приказ на еден Геминид фото: Википедија

Краток приказ на еден Геминид фото: Википедија