Рубрика: Астрономија и астронаутика
По успешното лансирање SpaceX сепак ја загуби новата џиновска ракета
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.11.2023 - 16:00

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Во саботата, SpaceX ја лансираше својата мега ракета Starship, но ги загуби и бустер ракетата и вселенското летало само неколку минути по “одлепувањето” од платформата. По полетувањето од Јужен Тексас Старшип стигна до вселената, а потоа одненадеж настана прекин во комуникацијата. Како што известија претставниците од SpaceX, се чини дека системот за самоуништување го разнел вселенското летало над Мексиканскиот залив, само неколку минути откако одвоената бустер ракета (што веќе си ја заврши работата), исто така, експлодираше над заливот.

Основачот на SpaceX, Илон Маск, го набљудуваше лансирањето заедно со контролорите. Во седиштето на компанијата во Хоторн, Калифорнија, вработените славеа кога Starship се отисна од платформата во утринските часови. Но, само кратко време потоа во просторијта завладеа тишина откако стана јасно дека вселенскиот брод се самоуништи.

Огромната ракета Starship на SpaceX поллетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Саботниот пробен лет траеше околу осум минути, што е двојно повеќе од првиот тест спроведен во април, кој исто така заврши со експлозија. SpaceX се стремеше кон постигнување на височина од 240 километри, што е доволно високо за вселенското летало потоа самото да ја достигна потребната ниска орбита за да ја обиколи речиси целата Земја, и потоа да се нурне во водите на Пацификот, во близина на Хаваи, како што беше планирано.

По априлскиот пробен лет, SpaceX направи десетици подобрувања на бустер ракетата, но и на самата лансирна рампа. ФАА даде одобрување за лет на ракетата минатата недела, во среда, откако беше потврдено дека се исполнети сите безбедносни и еколошки норми.

Мега-ракетата Starship на SpaceX ја пробива звучната бариера при саботниот пробен лет (18 ноември 2023 година) Фото: AP Photo/Eric Gay

По лансирањето во саботата, ФАА соопшти дека не се пријавени повредени или јавна штета и дека е во тек истрага за да се утврди што тргнало наопаку. SpaceX не може да лансира друг Ѕвезден брод (Starship) додека не заврши истрагата, која неминовно ќе донесе заклучоци за потребни подобрување, а компанијата на Маск потоа ќе треба да ги направи најмалку сугерираните корекции ако не и повеќе пред да аплицира за и да добие нова дозвола за пробен лет.

Од НАСА сметаат на Starship како превозно средство за астронаутите до Месечината и назад во рамки на мисиите Артемида, при што првото слетување на површината на нашиот најголем сателит е планирано до крајот на 2025 година или набргу потоа. Американската вселенска агенција му додели на SpaceX договор вреден 3 милијарди долари за таа намена. Според планот астронаутите на НАСА ќе треба да се преместат од капсулата Орион во Ѕвездениот брод додека обата се наоѓаат во лунарната орбита пред вториот да се спушти на површината на Месечината.

Формирање на облак при одвојувањето на Ѕвездениот брод на СпејсЕксод бустер-ракетата за време на пробниот лет спроведен од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас – сабота, 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Денешниот тест е можност за да се научи – па повторно да се полета“, забележа администраторот на НАСА Бил Нелсон преку X (поранешен Твитер).

Ѕвездениот брод, висок 121 метар, е најголемата и најмоќната ракета некогаш направена. Ракетата е за 10 метра повисока од ракетата Сатурн V на НАСА, која ги однесе првите луѓе на Месечината пред повеќе од половина век, и 23 метра повисока од SLS-ракетата на НАСА што лани, без екипаж, леташе околу Месечината и успешно се врати назад.

Откако Ѕвездениот брод еднаш успешно ќе ги заврши сите тестови, Маск планира да ја користи оваа мега ракета (и нејзините сестри близначки) како како летало за повеќекратна употреба со кое же бидат лансирани сателити во орбитата околу Земјата, ќе се врши пренос на опрема и луѓе до и од  Месечината, а на крајот и до Марс.

Повеќе на оваа тема може да прочитате во

SpaceX Starship: лансирањето на досега најголемата ракета заврши со експлозија
И покрај експлозивниот крај Маск задоволен од првиот пробен лет на Starship
Дали мисиите за враќање на Месечината ќе мора да бидат одложени?
Трета среќа за лансирањето на Артемида 1

Клучни зборови:
Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Мега-ракетата Starship на SpaceX ја пробива звучната бариера при саботниот пробен лет (18 ноември 2023 година)

Мега-ракетата Starship на SpaceX ја пробива звучната бариера при саботниот пробен лет (18 ноември 2023 година) Фото: AP Photo/Eric Gay

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година

Огромната ракета Starship на SpaceX полетува од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас, во саботата 18 ноември 2023 година. Фото: AP Photo/Eric Gay

Формирање на облак при одвојувањето на Ѕвездениот брод на СпејсЕксод бустер-ракетата за време на пробниот лет спроведен од Ѕвездената база во Бока Чика, Тексас – сабота, 18 ноември 2023 година.