Рубрика: Омнибус
31 Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм “КАМЕРА-300”
Автор: Перица Поповски
Објавено на 07.11.2023 - 19:30

Поканата  за овој 31-ви  по ред Фестивал на аматерскиот документарен филм ја прифатив со особено задоволство. Драго ми е што ете дочекав да присуствувам и на ова издание на Камера 300, како хроничар на оваа прекрасна манифестација од која многу научив за краткометражниот филм. Како дописник на Емитер ви ги пренесувам импресиите и резултатите од фестивалот.

Оваа година, за жал, не успеав да присуствувам на офоцијалното отворање на фестивалот, но не ја испуштив втората проекција на 4. ноември. Ја искористив можноста да се сретнам со членовите на советот на фестивалот, Стефан Хаџиантоновски и останатите, како и од прва рака да добијам информации за отворањето, а преку социјалните мрежи и со добитникот на наградата со медал УНИКА – Љупчо Паункоски, кој сè уште беше во еуфорија. Со негова дозвола и поддршка ги користам фотографиите од доделувањето на наградите.

Градоначалникот на Битола, Тони Koњановски му врачува медал UNICA на Љупчо Паункоски

На отворањето, по традиција, уводен збор даде господин Стефан Хаџиантоновски, а фестивалот свечено го прогласи за отворен градоначалникот на град Битола, г. Тони Коњановски, кој воедно ги додели Гран При наградата како и наградите УНИКА.

Фестивалот е финансиран од Агенцијата за филм на Р. Македонија и градоначалникот на општина Битола, како и Народна техника Битола, Кино видео клуб “Студио Милтон Манаки “ Битола, Кино Сојуз на Македонија.

 Врз основа на информациите кои ги добив од членовите на советот на фестивалот, г. Стефан Хаџиантоновски и г. Стојан Стојановски, и оваа година пристигнале голем број на  документарни филмови од повеќе земји, а Интернационалното жири во состав Љупчо Петровски – Шведска, Благојче Божиновски – Македонија,  Недељко Деспотовиќ – Србија и доц д-р Антон Антонов Шумен – Бугарија. Жири комисијата донесе одлука во официјална проекција да се прикажат 8 филма на првиот ден од фестивалот – 3. ноември, а на Денот на ослободувањето на Битола, 4. ноември, во втората проекција да се прикажат 8 филма.

Сцени од филмовите 'Денес виси дрво' (лево) и 'Венециски фестивал' (десно)

Со едногласна одлука на жири комисијата најпрестижната награда Гранд При му припадна на авторот Диме Талевски од Македонија, за филмот “Повратникот”. Но, секако, да не ги заборавиме и останатите наградени филмови:

 

ФИЛМОВИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПРОЕКЦИЈА

Прва проекција – 3.11.2023 година

1. “Киното Охридско Езеро” на авторот Љупчо Паункоски – освои Златна медаља UNICA,
2. “Часовничар”, автор  КК Иван Братанов Бугарија, освои Златна Камера 300,
3. “ Детсво & Ехо на Тишината” , автор на филмот – Бојан Петровски од Шведска, добитник на Бронзена камера 300
4. “Така  се започна”, автор на филмот Илке Ацксталер – Германија, награден со Плакета  за  камера 
5. “Emporium – душата на градот “, автор Христијан Кочовски – Македонија, награден со Плакета за монтажа,
6. “Филигран, дизајн-накит, вез”, автори Ноела Нечковска и Рената  П.Нечковска – награден со специјална плакета 
7. “Водици – Бешиште  “ од автор Љупчо Ристевски –  Македонија, награден со плакета за репортажа
8. “ Повратникот” автор Диме Талевски – Македонија, награден со Гран При

Наградите и признанијата на Камера 300 пред да бидат врачени во рацете на најдобрите

Втора проекција – 4.11.2023 година

1. “ Шкотски темперамент”, автор Божидар Кунстељ, Словенија, добитник на Плакета за режија,
2.”Споменици”, автори – група ученици од Шумен, Бугарија, награден со Сребрена камера 300
3. “Приказна за пловечкиот брод”, автор Џејмс Калмерс – Велика Британија, се стекна со признанието Специјална плакета,
4. “Денес виси дрво”, автор Томе Љушев – Македонија,
5. “ Венециски Фестивал 2023 “ , автор Гинтер Симерл – Австрија,
6. “Детски реквизити”, автор Горјанчо Досев – Македонија,
7.” Шум на надеж”, автор К Јеску & Чурич – Романија 
8. “Спомен за Величко” од автори од КК “Мадарски  конник”, Бугарија, на кои им беше доделена  плакета за идеја

Наградените автори на филмовите кои беа присутни

Дел од учесниците и наградените се веќе познати на публиката по сериозниот пристап во поглед на снимање и монтажа. Она што ме воодушеви е тоа што филмовите од втората проекција беа особено квалитетни, а особено го ценам филмот “Шум на надеж”, кој  обработува специфична проблематика – рехабилитација  на лица со попреченост, нешто со што во мојот работен век се занимавав и професионално, во ЦС Работа Битола, и волонтерски, работејќи со деца со попреченост.

Особено драго ми беше присуството на млади љубители на филмот од основните училишта, од секциите за аматерски видео филм, а учениците од ОУ Стив Наумов предводени од наставничката Магдалена Сајкова, направија и интервју со Стефан Хаџиантоновски и со добитникот  на Гран При наградата Диме Талевски.

На крај, уште еднаш да изразам голема благодарност за отстапените фотографии на Љупчо Паунковски

Клучни зборови:
Сцена  од филмот 'Денес виси дрво'

Сцена од филмот 'Денес виси дрво'

Сцена од филмот 'Венециски фестивал'

Сцена од филмот 'Венециски фестивал'

Наградените автори на филмовите кои беа присутни

Наградените автори на филмовите кои беа присутни

Наградите и признанијата на Камера 300 пред да бидат врачени во рацете на најдобрите

Наградите и признанијата на Камера 300 пред да бидат врачени во рацете на најдобрите