Шпаркасе Банка ги известува студентите дека на 8 ноември е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе Банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС порака и, доколку го кликнат, ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе Банка.
Оваа лажна платформа и условите во склоп на истата, бара од студентите да ги внесат нивните лични податоци, за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“, а дополнително бараат платежни податоци од нивните родители со скенирање на „QR“ код или со кликање на копчето „Регистрирај се“.
Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку „бот мрежа“ напаѓачите прават трансакции преку интернет, со податоците од картичката додека има расположливи средства, или до достигнување на лимитот за интернет трансакции.
Доколку студентите кликнале на линкот од електронската пошта или порака, и оставиле податоци за платежната картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство, треба да ги постават интернет лимитите на 0 и веднаш да го контактираат контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/15050 за да ја блокираат картичката.
За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква е-маил или СМС порака, не ги оставајте Вашите лични податоци или бројот на Вашата картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.
Шпаркасе Банка се идентификува со користење на соодветен валиден сертификат (https), којшто спречува напади од ваков вид.
Дополнително, „Phishing мејлот“ води до адреса, која не е на Банката и сертификатот не е валиден.
Шпаркасе Банка АД Скопје
--- објава од јавен интерес ---