Медицина
Со употреба на биоинженеринг, научниците успеаја да создадат крвни садови што многу брзо по нивното вметнување се колонизирани од клетките на пациентот и на овој начин стануваат самоодржливи.
Објавено на 28.03.2019 - 11:45

Медицина
Со спроведувањето на еден подобрен лабораториски протокол, откриени се знаци за присуство на илјадници нови нервни клетки во мозокот на возрасните, дури и кај оние навлезени во осмата деценија од животот.
Објавено на 27.03.2019 - 12:15

Астрономија и астронаутика
На 18 декември минатата година, еден голем метеорит експлодираше во атмосферата, на висина од околу 26 километри, некаде над Беринговото Море. Експлозијата генерираше приближно 173 килотони енергија, што оваа експлозија ја прави 10 пати помоќна од ударот на нуклеарната бомба фрлена на Хирошима во...
Објавено на 27.03.2019 - 10:45

Медицина
Истражувањето спроведено од научници при Институтот Каролинска во Шведска открива дека лековите за долгорочни здравствени исходи непотребно им се препишуваат на пациенти со напреднат рак на кои им преостанува помалку од една година живот.
Објавено на 26.03.2019 - 15:00

Информатика
Intel ги објави првите податоци на 11-тата генерација интегрирани графички чипови со назив Icelake, изработени во 10 nm литографија. Бројките ветуваат – речиси сите единици се удвоени, некои и триплирани; 64 наспрема 24 извршни единици, 3 MB наспроти 768 KB L3 кеш меморија и, најбитната новина –...
Објавено на 26.03.2019 - 11:00

Електроника
Сите учесници во финалето на Робомак 2019. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје
Со финалниот натпревар во шест различни категории, којшто се одржа во саботата, 23 март, заврши 10-тиот Робомак 2019 година. Меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција се одржа во рамките на Неделата на роботиката, која ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и...
Објавено на 25.03.2019 - 11:30

Енергетика
Кинеските научници создадоа ракетно гориво од целулоза. Ако истражувањата и тестовите покажат поволни резултати, веќе следната генерација вселенски летала можеби ќе биде погонувана од биогориво.
Објавено на 25.03.2019 - 09:45

Електроника
Роботска рака. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје
На Факултетот за електротехника и информациски технологии во тек е десеттото издание на Robomac – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција. Како и секоја година RoboMac 2019 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ и студенти волонтери од ФЕИТ.
Објавено на 22.03.2019 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Поставување на термичката сонда
Само неколку недели по поставувањето и ставањето во функција на инструментот наменет за испитување на внатрешноста на Црвената Планета, беа детектирани постојани нежни треперења на почвата, познати како микросеизмика. Микросеизмиката не е последица на “марсотрес”, туку се должи на атмосферските...
Објавено на 21.03.2019 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Објект што не емитува светлина и е оддалечен 13 милијарди светлосни години, прилично тешко се забележува. Но, еден тим од јапонски астрономи со помош на 8-метарскиот телескоп Субару лоциран на врвот Мауна Кеа на Хаваите, го направи токму тоа, и тоа не еднаш туку 83 пати!
Објавено на 20.03.2019 - 12:15

Pages