Рубрика: Медицина
Група видни доктори од САД со барање за итна примена на Ивермектин против ковид-19
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 06.12.2020 - 01:15

Тројцата основачи на алијансата FLCCC (одлево надесно): Пјер Кори, Џо Варон и Пол Марик

Алијансата FLCCC, која вклучува видни доктори и професори по медицина побара итна примена на протоколи што го вклучуваат ивермектинот за профилакса и за третирање на болните од Ковид-19, во интерес на спасување што повеќе животи.

На прес-конференцијата одржана во петокот (4.12.), во Сојузниот Меморијален медицински центар во Хјустон, Тексас, (САД) тројца лекари/професори во доменот на интензивната нега од Алијансата на работници од првата линија за критична нега на болни од ковид-19 – FLCCC (Front Line Covid-19 Critical Care Alliance), презентираа сеопфатни научни докази дека ивермектинот е потенцијално решение за досега невидениот глобален бран на пандемијата. Научните докази за ефикасноста на ивермектинот како клучна компонента на I-MASK+, протоколот за профилакса и рано амбулантно лекување на ковид-19, како и на протоколот MATH+ за болнички третман на болните од ковид-19, вклучуваат и рандомизирани контролирани испитувања и опсервациски контролирани испитувања.

Лекарите Пол Марик, Пјер Кори и Џо Варон (види прилог 1) од алијансата FLCCC ги повика националните здравствени власти веднаш да ги рецензираат медицинските докази што ја покажуваат ефикасноста на ивермектин, како за превенција од ковид-19 и за рано амбулантно лекување, така и за подоцнежно болничко лекување. Притоа тие истакнаа дека широката употреба на овие протоколи ќе придонесе за брзо и безбедно повторно отворање на деловните активности и училиштата, како и за намалување на притисокот врз, во моментов, пренатрупаните болници и одделенија за интензивна нега во САД, и ќе помогне “посмирено” да се преброди периодот до дистрибуцијата на вакцините и до моментот кога вистински ќе може да се почувствува ефектот од масовно спроведената вакцинација.

Како што ќе истакне д-р Пјер Кори, основачкиот член на алијансата FLCCC, вонреден професор по медицина и лекар по интензивна нега во медицинскиот центар Свети Лука во Милвоки, Висконсин:  

Ефективните вакцини што сите ги чекаме доаѓаат наскоро, но недоволно брзо за да се спасат десетици илјади луѓе за кои се предвидува дека ќе умрат пред да заврши целосната дистрибуција на вакцините. Во моментов, ковид-19 е забревтан воз без контрола што може да ве прегази, а ивермектин е лекот што може да ве извлече од опасностa.

Во текот на последните неколку недели, лекарите по интензивна нега на aлијансата FLCCC спроведоа сеопфатна рецензија на бројните научни докази за ивермектин од студиите спроведени низ целиот свет. Линкот до рецензијата е ОВДЕ (види слики 12-22).

Оваа рецензија резултираше со тоа тимот до го развие протоколот I-Mask+ и да повика на негово итно усвојување од страна на здравствените власти во САД ‒ коишто последователно може да издадат непосредни упатства за лекарите кои препишуваат лекови за терапија (види слика 6).

Вистина е дека овие студии што секојдневно се појавуваат ја демонстрираат моќта на ивермектинот, пренаменет лек, стар 40 години, првично одобрен од Светската здравствена организација (СЗО) за лекување паразитски инфекции“ (види слика 8), рече д-р Пол Марик, основач на алијансата FLCCC, професор по медицина и лекар по интензивна нега во САД со најмногу публикации. “Дополнително, во последните четири децении, ивермектинот безбедно го користеле 3,7 милијарди луѓе“ (види слика 9).

Тоа што дава толку добри резултати против ковид-19 се должи на неговата висока активност, борејќи се истовремено и против репликацијата на вирусот SARS-CoV-2, како и против воспалувањето, во сите фази на ковид-19. Работи како профилакса за пред и постизложеност, во раната симптоматска фаза и во доцната фаза на болеста“, продолжи д-р Марик. “Се појавија нови и многу интересни податоци од август наваму ‒ што е последен пат кога националните здравствени институти (NIH) ги разгледаа или ги ажурираа нивните податоци. Сега од многубројни и сè повеќе рандомизирани контролирани испитувања знаеме дека ивермектинот го инхибира вирусот SARS-COV-2 и го спречува неговото размножување. Студија по студија, се покажува конзистентна и повторлива ефикасност.

Лекарите од алијансата FLCCC веруваат дека ивермектинот е потенцијално решение за пандемијата – и дека ќе го промени лицето на оваа болест во целиот свет. Затоа FLCCC ги повикува националните здравствени власти брзо да ги рецензираат сеопфатните медицински докази и да издадат упатства за лекарите, за да започнат веднаш да препишуваат ивермектин за своите пациенти.

Ако целта е да се спречи луѓето да добиваат ковид-19 и да се спречи раната фаза на болеста никогаш да не напредува во сериозна болест, тогаш го имаме третманот“, рече д-р Џо Варон, раководител на персоналот и раководител на Центарот за интензивна нега во United Memorial Medical Center, кој се грижи за критично болни пациенти од ковид-19 цели 280 последователни дена. “Исто така, ивермектинот е дел од комбинацијата што лекарите можат безбедно да ја препишат низ целата нација. Тој е евтин лек, ослободен од патентски права и широко достапен низ целиот свет и со континуирано носење маски, социјално дистанцирање и миење раце, може да ја врати оваа нација назад во нормалност – пред да се случи широко распространетата дистрибуција на вакцината“ (види слика 32).

Компонентите во протоколот I-Mask+ на FLCCC исто така можат да ја намалат моменталната неконтролирана стапка на хоспитализации. Епидемиолошките податоци од целиот свет покажуваат дека со ивермектин опаѓаат стапките на инфекции и стапките на смртност.

Сметаме дека овие податоци се конзистентни и веродостојни“, рече д-р Кори. “Секојдневно пристигнуваат сè повеќе студии. Ние сме темелно убедени дека ова е потенцијалното решение за глобалната пандемија.

Голем број пациенти биле одбиени кога побарале од своите лекари да им препишат ивермектин. “Игнорирањето на податоците и наодите што го поддржуваат ивермектинот во третманот на ковид-19 е напуштање на заклетвата на Хипократ“, рече д-р Марик (види слика 31).

Сеопфатниот “Водич за справување со COVID-19“ на алијансата FLCCC може да се прочита овде.

 

Прилог 1: кратки професионални и академски резимеа на тројцата професори

Џо Варон (Joe Varon), M.D., FCCP, FCCM

  • Раководител на персоналот и раководител на Центарот за интензивна нега во United Memorial Medical Center и во United General Hospital;
  • Поранешен шеф на персоналот на Универзитетската општа болница;
  • Професор по акутна и континуирана нега на University of Texas Health Science Center, CAP, Department of
  • Medicine, Baylor College of Medicine;
  • Професор по медицина и хирургија, UAT, UABC, UNE, USON, UPAEP, Mexico.

 

Пол Марик (Paul Marik), M.D., FCCM, FCCP

  • Одборно сертифициран за интерна медицина, медицина на интензивна нега, невроинтензивна нега и нутриционистичка наука;
  • Професор по медицина (со мандат) и раководител на одделот за пулмонална медицина и интензивна нега на Eastern Virginia Medical School во Норфолк, Вирџинија;
  • Автор на повеќе од 450 peer-reviewed журнал-статии, 80 глави во повеќе книги и 4 книги за интензивна нега;
  • Цитиран повеќе од 36 000 пати во peer-reviewed публикации;
  • Одржал над 350 предавања на меѓународни конференции и како визитинг-професор;
  • Примил многубројни награди, вклучително и наградата „Национален наставник на годината“ од страна на American College of Physicians во 2017
  • Доктор по интензивна нега кој е на второ место во светот според бројот на објавени публикации;

 

Пјер Кори (Pierre Kory), M.D., M.P.A.

  • Вонреден професор по медицина, одборно сертифициран за интензивна нега, пулмонални заболувања и интерна медицина;
  • Претставник на Центарот за интензивна нега Аурора, Аурора при медицинскиот центар „Сент Лука“, Милвоки, Висконсин;
  • Поранешен раководител на Центарот за интензивна нега и медицински директор на Trauma and Life Support Center at the University of Wisconsin;
  • Виш уредник на најпродаваниот учебник „Point of Care Ultrasound“ сега преведен на 6 јазици, експерт со многу публикации за употреба на терапевтска хипотермија по срцев удар и ефикасност на интравенска аскорбинска киселина при третман на тешки инфекции и септичен шок.
Клучни зборови:
Тројцата основачи на алијансата FLCCC (одлево надесно): Пјер Кори, Џо Варон и Пол Марик

Слика 1: Тројцата основачи на алијансата FLCCC (одлево надесно): Пјер Кори, Џо Варон и Пол Марик

Алијансата FLCCC е основана во март 2020. Нејзините членови заедно имаат повеќе од 200 години професионално искуство и објавиле над 2000 peer-рецензирани трудови.

Слика 2: Алијансата FLCCC е основана во март 2020. Нејзините членови заедно имаат повеќе од 200 години професионално искуство и објавиле над 2000 peer-рецензирани трудови.

Алијансата FLCCC го разви болничкиот протокол MATH+ уште во март. Со негова помош, стапката на смртност е околу 5%, за разлика од 23% во болниците во САД и во Велика Британија.

Слика 3: Алијансата FLCCC го разви болничкиот протокол MATH+ уште во март. Со негова помош, стапката на смртност е околу 5%, за разлика од 23% во болниците во САД и во Велика Британија.

Алијансата FLCCC повикува на итна акција поради брзорастечкиот бран на инфекции и смртни случаи низ целиот свет.

Слика 4: Алијансата FLCCC повикува на итна акција поради брзорастечкиот бран на инфекции и смртни случаи низ целиот свет.

Итно е потребен протокол за сите фази од болеста, како и за превенција (профилакса)

Слика 5: Итно е потребен протокол за сите фази од болеста, како и за превенција (профилакса)

Проф. Пол Марик го презентира протоколот I-MASK+ и за профилакса и за рано амбулантско лекување

Слика 6: Проф. Пол Марик го презентира протоколот I-MASK+ и за профилакса и за рано амбулантско лекување

Носењето маски и одржувањето дистанца се суштински компоненти на протоколот. Истражувањата покажаа дека маската ги штити и останатите, но и самиот носител на маската.

Слика 7: Носењето маски и одржувањето дистанца се суштински компоненти на протоколот. Истражувањата покажаа дека маската ги штити и останатите, но и самиот носител на маската.

Ивермектинот е стар антипаразитен лек и се наоѓа на листата на есенцијални лекови на СЗО

Слика 8: Ивермектинот е антипаразитарен лек познат веќе 40 години, чиешто откритие е наградено со Нобелова награда во 2015 година и кој се наоѓа на листата на есенцијални лекови на СЗО.

Ивермектинот е извонредно безбеден лек. Досега го примиле речиси 4 милијарди луѓе.

Слика 9: Ивермектинот е извонредно безбеден лек. Досега го примиле речиси 4 милијарди луѓе без значајни споредни ефекти.

Ивермектинот има докажана ефективност како профилакса, во раната симптоматска фаза и во доцната инфламаторна фаза.

Слика 10: Ивермектинот има докажана ефективност како профилакса, во раната симптоматска фаза и во доцната инфламаторна фаза.

Националните здравствени институти (NIH) на САД имаат застарена информација за ивермектин на нивниот сајт

Слика 11: Националните здравствени институти (NIH) на САД имаат застарена информација за ивермектин на нивниот сајт

Д-р Пјер Кори истакна дека досега има повеќе од 30 позитивни студии за ивермектин и дека речиси секојдневно стигнуваат нови

Слика 12: Д-р Пјер Кори истакна дека досега има повеќе од 30 позитивни студии за ивермектин и дека речиси секојдневно стигнуваат нови

Првата американска студија објавена уште во јуни објави дека ивермектинот ја намалува смртноста кај тешко болните за 50%

Слика 13: Првата американска студија објавена уште во јуни објави дека ивермектинот ја намалува смртноста кај тешко болните за 50%

Досега се објавени 4 студии за профилакса со над 1100 испитаници

Слика 14: Досега се објавени 4 студии за профилакса со над 1100 испитаници

Во оваа профилактична студија, членовите на семејствата кои примиле ивермектин имале 8 пати помала стапка на инфекции од оние што не примиле ивермектин.

Слика 15: Во оваа профилактична студија, членовите на семејствата кои примиле ивермектин имале 8 пати помала стапка на инфекции од оние што не примиле ивермектин.

Во оваа профилактична студија, оние лекари што примале ивермектин имале околу 4 пати помала стапка на инфекции од нивните колеги што не примиле ивермектин.

Слика 16: Во оваа профилактична студија, оние лекари што примале ивермектин имале околу 4 пати помала стапка на инфекции од нивните колеги што не примиле ивермектин.

Оваа студија покажува само 2% инфекции кај лекарите и членови на семејствата во ивермектинската група, наспроти 10% во групата без ивермектин

Слика 17: Оваа студија покажува само 2% инфекции кај лекарите и членови на семејствата во ивермектинската група, наспроти 10% во групата без ивермектин

Оваа е најфасцинантната студија во којашто здравствените работници примале ивермектин во капки, во рок од еден месец, и ниеден не се заразил.

Слика 18: Оваа е најфасцинантната студија во којашто здравствените работници примале ивермектин во капки, во рок од еден месец, и ниеден не се заразил.

Во старечки дом во Франција се појавила шуга и биле третирани со ивермектин против оваа паразитна инфекција.

Слика 19: Во старечки дом во Франција се појавила шуга и биле третирани со ивермектин против оваа паразитна инфекција. По појавувањето на ковид-19, само еден од третираните со ивермектин бил инфициран, додека во другите старечки домови стапката на инфицирани резиденти била 22%

Досега се објавени 3 рандомизирани студии и мноштво низи од случаи за амбулантско третирање со ивермектин со околу 500 пациенти. Во оваа фаза, ивермектинот го намалува ризикот од прогресија на болеста за 90%

Слика 20: Досега се објавени 3 рандомизирани студии и мноштво низи од случаи за амбулантско третирање со ивермектин со околу 500 пациенти. Во оваа фаза, ивермектинот го намалува ризикот од прогресија на болеста за 90% (извор: ivmmeta.com).

Освен антивирусно дејство, ивермектинот има и антиинфламаторно/имуномодулаторно дејство.

Слика 21: Досега се објавени 4 рандомизирани и 4 опсервациски студии за третирање на хоспитализирани пациенти. Освен антивирусно дејство, ивермектинот има и антиинфламаторно/имуномодулаторно дејство.

Општ преглед на студиите за ивермектин во различни фази од болеста.

Слика 22: Општ преглед на студиите за ивермектин во различни фази од болеста. Веројатноста ивермектин да е неефективен е проценета на 1 во 2 милиона.

Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу за луѓе над 60 години.

Слика 23: Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу за луѓе над 60 години. Осенчената површина е периодот пред масовната дистрибуција на ивермектин. Откако почнала дистрибуцијата, смртните случаи од ковид-19 драстично опаднале.

Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу за луѓе над 60 години.

Слика 24: Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу за луѓе над 60 години. Откако почнала дистрибуцијата, смртноста од ковид-19 драстично опаднала за 3-10 пати.

Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу споредени со регионот на главниот град Лима.

Слика 25: Епидемиолошки податоци од 8 држави во Перу споредени со регионот на главниот град Лима. Во Лима задоцниле за 2 месеца со дистрибуцијата на ивермектинот (црвената боја на графиконите). Разликите во општата смртност, смртноста од ковид-19 и регистрираните случаи се очигледни. 

Смртноста на 100 илјади жители во Чијапас е 10 пати помала од таа за цело Мексико од август до денес.

Слика 26: Чијапас е единствената држава во Мексико каде што имало масовна дистрибуција на ивермектин почната во јули. Смртноста на 100 илјади жители во Чијапас е 10 пати помала од таа за цело Мексико од август до денес.

Во Парагвај, во провинцијата Алто Парана, во август почнале со масовна дистрибуција на ивермектин.

Слика 27: Во Парагвај, во провинцијата Алто Парана, во август почнале со масовна дистрибуција на ивермектин. Од графиконите се гледа дека само во оваа провинција има драстично намалување на инфекциите и на смртните случаи од ковид-19.

Алијансата FLCCC ги повикува националните и глобалните здравствени власти да ги разгледаат доказите за делотворноста на ивермектинот против ковид-19.

Слика 28: Алијансата FLCCC ги повикува националните и глобалните здравствени власти да ги разгледаат доказите за делотворноста на ивермектинот против ковид-19.

Проф. Пол Марик нагласува дека од сите рандомизирани студии објавени досега, единствено кортикостероидите имаат докажана ефикасност во инфламаторната фаза од ковид-19 и ивермектин во сите фази на болеста.

Слика 29: Проф. Пол Марик нагласува дека од сите рандомизирани студии објавени досега, единствено кортикостероидите имаат докажана ефикасност во инфламаторната фаза од ковид-19 и ивермектин во сите фази на болеста.

Алијансата FLCCC ги повикува здравствените власти на итна акција за брзо изготвување упатства и водичи до сите лекари за препишување ивермектин.

Слика 30: Алијансата FLCCC ги повикува здравствените власти на итна акција за брзо изготвување упатства и водичи до сите лекари за препишување ивермектин.

Проф. Пол Марик нагласи дека само во петочното утро во САД, 2000 луѓе умреле од ковид-19.

Слика 31: Проф. Пол Марик нагласи дека само во петочното утро во САД, 2000 луѓе умреле од ковид-19. 'Умираат задушувајќи се... Повеќе не можеме мирно да гледаме од страна и да не преземаме ништо. Мора да се дејствува сега', вели тој со убеденост и сочувство.

Протоколот I-MASK+ ќе го промени лицето на оваа болест низ целиот свет

Слика 32: Протоколот I-MASK+ ќе го промени лицето на оваа болест низ целиот свет