Вчера беше отворена осмата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР. Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и од одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија
Главната цел на конференцијата е подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, мерки и механизми за одржлив развој, особено кај студентите кои како идни инженери ќе треба да изнајдат решенија за многубројните проблеми со коишто се соочува модерниот свет.
Поради пандемијата на ковид-19 конференцијата се одржува онлајн а сите заинтересирани може да ја следат во живо преку официјалниот фејсбук профил Студентска конференција Енергетска ефикасност и одржлив развој
Самата конференција претставува мост меѓу професионалците и студентите, кои заеднички работат на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина, наведуваат од Организацискиот одбор на СКЕОР. Преку научно-истражувачката дејност, студентите се поттикнуваат да работат на проекти поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој, нив да ги презентираат и да дискутираат, со што се придонесува кон понатамошно развивање на идеите поврзани со можностите и потенцијалот кои овие области ги нудат. Еден од клучните аспекти на конференцијата е можноста за соработка меѓу студентите, истакнати професори и реномирани компании од областа.
Покрај размената на искуства и знаење, се остваруваат и контакти за идна соработка и заполесно напредување во струката. Дополнително, самата конференција како еден настан од ваков карактер ќе има и големо влијание во зголемувањето на општиот интерес и свеста за значењето на оваа проблематика.
Распоред на случувањата на студентската конференција