Во потег со кој веруваме дека се оддава почит на нашата посветеност на иновирањето и лидерството на пазарот, Gartner го именуваше Sophos за еден од двајцата визионери од вкупно 18 продавачи што беа вклучени во 2020 Magic Quadrant for Network Firewalls.
Дефинирачка силна страна на Sophos XG Firewall е Synchronized Security, нашата интеграција во XDR стил којашто овозможува нашите решенија за крајните корисници, за firewall и другите безбедносни решенија од идните генерации да споделуваат информации и да ги автоматизираат детекцијата и одговорот на начини какви што други изолирани решенија не нудат. Корисниците велат дека без Synchronized Security за да постигнат исто ниво на безбедност, би било потребно да го удвојат бројот на работници што работат на безбедноста. Исто така, информираат дека имаат помалку инциденти со безбедноста, но и побрзо можат да ги идентификуваат проблемите и да одговорат на нив.
Опциите на Extended Detection and Response (XDR) кои ја намалуваат сложеноста на безбедносната конфигурација, детекцијата на закани и одговорот на нив, се една од основните задачи на одговорните лица за безбедност и справување со ризици, затоа што тие менаџираат алатки за безбедност од различни компании, со мала интеграција на податоци и недостиг на организиран одговор.
„Примарната вредност на XDR производите е подобрување на продуктивноста на безбедносните решенија и подобрување на способностите за детекција и одговор, со вклучување на повеќе безбедносни компоненти во унифицирана целина, составена од повеќе видови телеметрија, презентирање повеќе опции за разни форми на детекција и овозможување повеќе методи на одговор“ ‒ Gartner, „Innovation Insight for Extended Detection and Response” (2020)
Веруваме дека признанието на Gartner е доказ за нашата иновација во ХDR и јасното разбирање што им е потребно на одговорните лица за безбедност за поголема видливост, полесно менаџирање и подобра детекција на закани и одговор низ целиот екосистем.
Постојано чекор напред пред развојот на заканите
Нашите напредни противници постојано се менуваат и ги подобруваат своите тактики, техники и процедури за да ги заобиколат безбедносните контроли, да ја одложат или целосно да ја избегнат детекцијата, како и да извршат успешни напади. Особено во 2020 година се развија нови напаѓачи со нови видови на ransomware, како што се на пример Maze, WastedLocker и другите модерни напади на ransomware.
Држењето чекор со софистицираните напаѓачи бара постојано иновирање. Претходно годинава ја претставивме архитектурата Xstream за огнениот ѕид Sophos XG Firewall, и со тоа создадовме основа за нови и напредни опции, како што се:
Посетете ја нашата страница https://kabtel.mk/partners/sophos/ за повеќе информации за XG Firewall и за архитектурата Xstream, за имплементација на решенијата на Sophos, но и за да го искористите попустот до 100% за хардвер од серијата XG Firewall за нарачки до 31.12.2020.