Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и да ги поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија ‒ вака велат организаторите Media Solutions и KeepAnEye. Оваа година е единаесетта година по ред како се прави овој избор.
Откако заврши првичната фаза за номинирање на кандидатите, од пред некој ден беше отворена можноста за гласање. Сите номинирани кандидати за титулата Сајт на годината се прикажани по категории во менито ГЛАСАЊЕ.
Вашиот глас може да го дадете за својот фаворит во секоја од наведените 18 категории за избор. Притоа имате право да гласате за еден номиниран сајт по категорија, значи гласајте мудро
Постапката за гласање е следна – ја одбирате категоријата, го избирате со клик/допир сајтот за кој сакате да гласате, по што ви се појавува поле во коешто треба да ја внесете адресата на вашата електронска пошта. Откако ќе го направите ова од вас ќе биде побарано да го внесете гласачкиот код. Кодот го генерира системот на сајтот и тој за многу кратко време пристигнува во електронска порака на e-mail адресата што сте ја дале. По внесување на пин-кодот во соодветното поле на сајтот, вашето гласање за таа категорија е завршено. Постапката се повторува при гласањето во секоја од категориите.
Веб-сајтот на Емитер emiter.com.mk е номиниран и се натпреварува во две категории: „Најдобар сајт за образование, наука и култура“ и „Најдобар сајт за ИТ и електроника“, па ако ви се допаѓа, повелете, гласајте .