Информатика
По пребарување на Amazon (Амазон) и Goodreads (Гудридс), авторката Џејн Фридман неодамна открила повеќе листи со измамнички книги потпишани со нејзиното име, најверојатно исполнети со ѓубре или содржина генерирана од вештачка интелигенција. И Амазон и Гудридс од прва не сакале да ги отстраната овие лажни наслови сѐ дури поплаките на авторката не станаа вирални на социјалните мрежи.
Објавено на 09.08.2023 - 18:45

Астрономија и астронаутика
Со сета еуфорија околу супермесечината се подзаборави на еден редовен августовски спектакл на ноќното небо – метеорскиот дожд Персеиди. Персеидите се еден од најблескавите метеорски дождови во годината и се случува секоја година во периодот од 9 до 13 август. Овој метеорски дожд всушност претставува остаток од кометата Свифт-Татл, а е именуван по соѕвездието Персеј. Ове се должи на радијантот односно привидната насока од којашто метеорскиот дожд се чини дека паѓа а којашто се поклопува со местото каде го лоцираме соѕвездието Персеј на ноќното небо, во правецот на североисточниот дел на небото на Северната хемисфера.
Објавено на 09.08.2023 - 14:15

Металство и машинство
Досега, науката беше во најмала рака резервирана, кога станува збор за вакво нешто. Но, едно истражување, чии резултати неодамна беа објавени во Nature, случајно откри дека во некои ситуации, металите може да можат да ги “самозаварат” наноскопските пукнатини кои се резултат на абење.
Објавено на 09.08.2023 - 13:45

Наутика
Конечно имате доволно слободно време за малку свет да видите, па, ако буџетот дозволува, зошто да не се почестите со барем едно доживување во облик на крстарење? Ама, тоа еко-црвот што ве јаде (во облик на ѓаволче со ликот на Грета Тунберг) може да шепне дека не е тоа за вас, дека таквиот тип на индустрија премногу загадува – за една година, еден брод за крстарење испушта сулфур оксид колку 25 милиони автомобили! Не очајувајте, за некоја година барем оваа грижа ќе може да ја тргнете на страна и на мира да планирате ;)
Објавено на 08.08.2023 - 18:45

Архитектура и градежништво
Визија за изгледот на Линијата
Најнапред замислете два реда облакодери високи по 500 метри – колку за претстава, њујоршката Емпајер Стејт Билдинг се извишува ‘само’ 381 метар. Помеѓу овие два реда кои се протегаат како хоризонтална линија 170 км вдолж пустината, предвиден е внатрешен „отворен“ простор широк 200 метри, наменет за транспортни средства и точки на среќавање. Ете, тоа е Линијата (The Line), футуристичкиот град кој веќе се гради, дизајниран од саудискиот принц Мохамед Бин Салман и претставен како еколошки рај. Но, дали навистина ќе биде така? Една студија објавена неодамна во Nature ги анализирала и добрите и лошите страни на проектот, а заклучоците не се воопшто позитивни.
Објавено на 08.08.2023 - 15:30

Фототехника
Проекција на филм за Манаки
Иако постои само две години, фестивалот на алтернативна фотографија – Зрно, со својот сериозен пристап, голема посветеност и специфичното поле на работа – благородните фотографски техники, до неодамна непознати кај нас и за оние кои се бават со фотографија, годинава, на второто издание направи сериозен исчекор во квантитетот и во квалитетот на содржините кои ги понуди на македонската публика и на меѓународна сцена.
Објавено на 07.08.2023 - 18:30

Омнибус
Краткото објаснение е ова: изложеноста на сончева светлина му овозможува на нашиот мозок да произведува повеќе серотонин, хормон кој поттикнува подобрување на расположението. Со ова ефективно се чувствуваме посреќни. А сега, ред-два и за некои други податоци...
Објавено на 07.08.2023 - 12:00

Биологија
Слоновите јадат растенија – општопознат факт и за биолозите и за децата што ги сакаат овие животни. Сепак, да се открие какви точно растенија јадат овие тревопасни животни е малку покомпли­цирано. Една нова меѓународна студија користеше иновативни методи за ефикасно и прецизно анализирање на навиките во исхраната на две групи слонови во Кенија, сѐ до специфичните видови растенија што ги јадат животните во групата. Нивните наоди за навиките на поединечните слонови помагаат во добивање­то одговори на важни прашања во врска со однесувањето на групите во потрага по храна и им помагаат на биолозите во конзеваторските пристапите што најдобро ги одржуваат слоно­вите не само сити, туку и задоволни. Студијата е објавена неодам­на во списанието Royal Society Open Science.
Објавено на 04.08.2023 - 13:00

Астрономија и астронаутика
НАСА и Лабораторијата Брукхејвен на американското Ми­нистер­ство за енергетика соработуваат со цел да поставаат телескоп на „темната страна на Месечината” во 2026 година. Доколку нивната мисија успее, таа ќе го означи првиот чекор кон разбирање на „мрачното доба” на универзумот.
Објавено на 04.08.2023 - 12:45

Хемија
Тим бразилски научници откри дека едно мошне вообичаено растение за нивното поднебје содржи канабидиол (CBD), непсихоактивно соединение присутно во конопот (марихуаната) што нашироко се користи за медицински цели. За разлика од канабисот, каде ова корисно соединение доаѓа “во пакување” со тетрахидроканабинолот (THC), којшто е психотропна супстанција, бразилскиот плевел нема вакви “придружници”.
Објавено на 03.08.2023 - 13:15

Pages