Хемија
Тим бразилски научници откри дека едно мошне вообичаено растение за нивното поднебје содржи канабидиол (CBD), непсихоактивно соединение присутно во конопот (марихуаната) што нашироко се користи за медицински цели. За разлика од канабисот, каде ова корисно соединение доаѓа “во пакување” со тетрахидроканабинолот (THC), којшто е психотропна супстанција, бразилскиот плевел нема вакви “придружници”.
Објавено на 03.08.2023 - 13:15

Електроника
Тим органски хемичари и инженери од Универзитетот Линкопинг и Кралскиот институт за технологија KTH, обата во Шведска, демонстрираа дека функционални транзистори можат да се направат од обработено дрво. Резултатите од нивното истражување се објавени во Proceedings of the National Academy of Sciences.
Објавено на 01.08.2023 - 14:00

Информатика
Како што открива компанијата за кибер безбедност Recorded Future во нивниот извештај објавен неодамна, руската хакерска група BlueBravo ги напаѓа дипломатските ентитети ширум Источна Европа, преку заразување на уредите на целите со искорустување на нова задна врата наречена GraphicalProton. Нивната кампања била следена во периодот од март до мај, оваа година.
Објавено на 01.08.2023 - 13:00

Роботика
Сите што како мали си играле со LEGO коцки знаат дека од нив може да се направи сè. Но, сега еден тим научници ја подигна мултифункционалноста на LEGO коцките на сосема ново ниво. Со користење на речиси исклучиво LEGO коцки направен е евтин функционален модел на 3Д биопечатач способен за печатење примероци од човечко ткиво. Биопринтерот го надминува проблемот со ограничената понуда на биотекстили кои се мошне важни во научните експерименти и за медицинските истражувања.
Објавено на 31.07.2023 - 13:45

Омнибус
Компанијата КТ Филм и Медиа од Битола со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој ја пушти во употреба новата дигитална едукативна платформа Кукл (Koocklе.com). Станува збор за мултидисциплинарна едукативна платформа со онлајн курсеви за филм, фотографија, пишување, маркетинг, која вклучува алатки и туторијали за едукација како и високо-квалификувани едукатори – вклучително универзитетски професори.
Објавено на 28.07.2023 - 17:15

Информатика
Четири од највлијателните компании во областа на вештачката интелигенција формираа групација ширум индустријата за да го надгледуваат безбедниот развој на најнапредните модели. Правилата за безбеден и одговорен развој на граничните модели на вештачка интелигенција првично ќе бидат диктирани од Google, Microsoft, Open AI и Anthropic.
Објавено на 28.07.2023 - 15:45

Енергетика
Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит
НАСА го награди Blue Origin со Tipping Point партнерство во вредност од 35 милиони американски долари за да продолжи да го унапредува иновативниот процес Blue Alchemist што тие го претставија на почетокот од оваа година. Се работи за иклучителен пробив во доменот на искористување на сончевата енергија – технологија што ќе овозможи изработка на соларни ќелии, на лице место на Месечината.
Објавено на 28.07.2023 - 14:00

Медицина
Експерименталната нова терапија за Алцхајмерова болест умерено го забавува когнитивниот пад кај пациентите кои се во раните фази на Алцхајмеровата болест. Лекот од фармацевтската компанија Ели Лили, наречен donanemab, претставува моноклонално антитело (модифицирано антитело добиено во лабораторија), специјализирано за расчистување на мозокот од наслагите со бета амилоид, отпадниот протеин кој ги задушува невроните во првата фаза на деменција од типот Алцхајмер. Но, терапијата со себе носи и сериозни несакани ефекти.
Објавено на 27.07.2023 - 15:00

Астрономија и астронаутика
Како ќе изгледа ЕЛТ телескопот откако ќе биде во целост завршен
Најголемиот телескоп во светот со можност за астрономски набљудувања во видливото и инфрацрвеното светлинско подрачје треба да ја види „првата светлина“ до 2028 година. Телескопот, дел од Европската јужна опсерваторија (ESO), сосема соодветно е наречен Екстремно голем телескоп (ELТ), а ќе има пречник од повеќе од 39 метри откако ќе биде завршен.
Објавено на 26.07.2023 - 19:15

Роботика
Можеш ли повторно да почнеш да свириш пијано по претрпен мозочен удар? Тим научници од Катедрата за механичко и поморско инженерство при Универзитетот Атлантик во Флорида развија роботска ракавица наменета за реобука на рацете на луѓето кои претрпеле мозочен удар. Ракавицата може да им помогне на пациентите да ги повратат своите моторни вештини, а особено е корисна за оние чијашто професија е поврзана со музиката. Како и кај добар дел од неодамнешните иновации, роботизираната рака користи вештачка интелигенција, која во комбинација со таканаречената „мека роботика“ го овозможува концептот на иновативната „паметна ракавица“.
Објавено на 25.07.2023 - 16:45

Pages