Рубрика: Астрономија и астронаутика
Вселенскиот телескоп Веб ѕирна во далечното минато
Автор: Даниел Анастасов
Објавено на 29.05.2025 - 12:45

Поле со галаксии во Вселената, во сам центар е доминатна светло-бела елиптична галаксија која е јадрото на масивното галактичко јато.

“Окото“ е во самиот центар, во оваа нова слика на месецот на НАСА/ЕСА/ЦСА добиена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, насочен кон централното мега-чудовиште кое е галактичкото јато Абел С1063. Оваа џиновска колекција на галаксии, која се наоѓа на 4,5 милијарди светлосни години од Земјата во соѕвездието Жерав (Grus), доминира на сцената. Гледајќи повнимателно, оваа густ збир од масивни галаксии е опкружен со блескави црвени ленти од светлина. Овие искривени црвени лаци се вистинскиот предмет на интерес на научниците – тоа се бледо осветлени галаксии од далечното минато на Универзумот.

Абел С1063 претходно беше забележан со програмата Гранични полиња на вселенскиот телескоп Хабл на НАСА/ЕСА. Поседува одлика на силна гравитациска леќа: јатото галаксии е толку масивно што ја искривува светлината која доаѓа од далечните галаксии наредени зад него, создавајќи ги искривените лаци што ги гледаме овде. Како стаклена леќа, ја фокусира светлината од овие далечни галаксии. Добиените слики, иако искривени, се и светли и зголемени - доволно за да се набљудуваат и проучуваат. Ова беше целта на набљудувањата на Хабл, користејќи ги јатата галаксии како лупа за да го истражи раниот Универзум.

Поле со галаксии во Вселената, во сам центар е доминатна светло-бела елиптична галаксија која е јадрото на масивното галактичко јато. Околу него може да се видат многу други елиптични галаксии. Исто така околу него се кратки, закривени, светлечки црвени линии, кои се слики на далечни галаксии во заднина зголемени и искривени со гравитационата леќа. Неколку ѕвезди во преден план изгледаат големи и светли со долги шила околу нив

Новите снимки од Вебовата инфрацрвена камера за блиско поле (NIRCam) ја насочуваат оваа потрага уште подалеку во времето. Оваа слика прикажува „густа шума“ од лакови околу Abell S1063, кои откриваат искривени галаксии во позадина во опсег на различни космички растојанија, заедно со мноштво слаби галаксии и претходно невидени карактеристики.

Оваа слика е всушност она што е познато како „длабоко поле“ – долга експозиција на една област на небото, собирајќи колку што е можно повеќе светлина за да се извлечат најбледите и најоддалечените галаксии кои не се појавуваат на обичните слики. Со 9 одделни снимки од различни блиски-инфрацрвени бранови должини на светлината, вкупно околу 120 часа време на експозиција и потпомогнати од зголемувачкиот ефект на гравгравитационата леќа, ова е најдлабокиот поглед на Веб кон една цел, досега. Фокусирањето на таква моќ на набљудување на масивна гравитациона леќа, како што е Абел С1063, има потенцијал да открие некои од првите галаксии формирани во раниот универзум.

За споредба, истото галактичко јато Абел С1063 набљудувано со помош на Хабловиот телескоп на НАСА/ЕСА како дел од програмата Гранични полиња.

Програмата за набљудување која е одговорна за овие податоци, ГЛИМПС (GLIMPSE #3293, PIs: H. Atek & J. Chisholm), има за цел да го испита периодот познат како Космичка зора, кога Универзумот бил стар едвај неколку милиони години.
 
Клучни зборови: