Автоматските системи, т.н. ботови, научија подобро од човек да ја решаваат captcha заштитата. Ова се оние лесни сликовни тестови од типот „ Изберете ги сите слики каде што се појавуваат семафори “, „ Впишете го прикажаниот текст “, „ Изберете ги фотографиите со скали “... , со кои речиси секојдневно се среќаваме на интернет во ситуација кога треба да пристапиме до некоја веб-страница преку која треба да купиме билети за концерт, да испратиме документ или да завршиме некоја друга, за нас неопходна работа.