Целосно електричниот автомобил Jaguar I-PACE е прогласен за Европски автомобил на годината 2019 . Жирито, составено од 60 стручни новинари од 23 земји, на овој автомобил му ја додели наградата што ги препознава техничките иновации, дизајнот, перформансите, ефикасноста и противвредноста.