Рубрика: Медицина
И повторно ивермектин, супериорен: ги спречува/намалува страдањата и спасува животи!
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 30.11.2020 - 11:15

До овој момент, 29 ноември 2020, објавени се 21 клиничкa студија за ивермектин против ковид-19. Од нив, 8 се рандомизирани, а 13 се ретроспективни или нерандомизирани испитувања. Сите 8 рандомизирани студии известуваат за позитивни ефекти, со вкупно проценето намалување на релативниот ризик за 72%.

Раниот третман се покажува како најуспешна и најкорисна стратегија за заболените од ковид-19, бидејќи го намалува релативниот ризик за 91% (или за 10 пати).

При претпоставка дека ивермектин е неефективен, веројатноста сите 21 студија (ивермектин vs. ковид-19) да резултираат случајно со позитивни резултати се проценува на 1 во 2 милиони (p = 0,00000048). Заклучокот е дека ивермектин навистина е ефикасен лек.

Овие резултати се добиени со примена на статистичка мета анализа на досегашните 21 студија и постојано се ажурираат на овој веб-сајт.

Последната во серијата студии за ивермектин датира од 24 ноември, и само ги потврдува и ги зацврстува резултатите од претходните студии.

Вкупно 180 хоспитализирани пациенти (од лесни до тешки случаи) случајно биле распределени во 6 групи.

60 пациенти третирани БЕЗ ивермектин, поделени во две групи:

  • Група S: 30 пациенти третирани со стандардна терапија (standard of care)
  • Група P: 30 пациенти третирани со ПЛАЦЕБО таблети + стандардна терапија

120 пациенти третирани СО ивермектин поделени во четири групи:

  • Група 1: 30 пациенти третирани со 1 доза 200 mcg/kg
  • Група 2: 30 пациенти третирани со 3 дози по 200 mcg/kg дадени првиот, третиот и петтиот ден
  • Група 3: 30 пациенти третирани со 1 доза 400 mcg/kg
  • Група 4: 30 пациенти третирани со 1 доза 400 mcg/kg првиот ден, и потоа 2 дози по 200 mcg/kg третиот и петтиот ден.

Од табелата претставена долу (табела 3) се гледа дека ивермектинските групи имаат статистички значително подобрување во следните параметри:

  • Времетраењето на ниска сатурација (p = 0,025)
  • Времетраењето на престојот во болница (p = 0,006)

Од табелата претставена долу (табела 4), се гледа дека ризикот од смрт е намален за речиси 6 пати кај пациентите третирани со ивермектин:

  • 11 смртни случаи од вкупно 60 пациенти (18,3%) во 2-те групи без ивермектин
  • 4 смртни случаи од вкупно 120 пациенти (3,3% ) во 4-те групи со ивермектин
  • Веројатноста ова намалување на смртноста да е резултат на случајност е 0,1%.

Се забележува дека поголемите и повеќекратни дози ивермектин не влијаеле на резултатите. Сепак, треба да се има предвид дека групите биле со релативно мал број пациенти за да се изведе статистички значаен заклучок.

Клучни зборови: