Рубрика: Информатика
Започнува Web Summit 2020
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 02.12.2020 - 13:30

Најголемиот настан од областа на технологијата, конференцијата Web Summit што секоја година се одржува во Лисабон, Португалија, започнува денес.

Конференцијата, основана во 2009 година, се смета за еден од најважните настани во светот на техниката. Темите за кои се разговара на конференцијата се интернет-технологијата, новите технологии и ризичното претприемништво, како стартап-компаниите, компаниите во рана фаза на развој и слично. Како и секоја година, така и оваа гости на конференцијата ќе бидат голем број познати експерти од ИТ-сферата, но исто така и политичари, научници, но и познати личности од забавната индустрија и од спортот.

Да споменеме само неколку од говорниците оваа година, меѓу кои се основачот на Википедија, Џими Велс, основачот и генерален директор на компанијата Зум, Ерик Јуан, тенисерката Серена Вилијамс, актерката Гвинет Палтроу, соосновачот на бизнис социјалната мрежа LinkedIn, Рајд Хофман, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Целосниот список на говорниците може да го погледнете тука

Оваа година, поради пандемијата на ковид-19, конференцијата се одржува онлајн.

Додека конференцијата е во тек, ЕМИТЕР на крајот од денот ќе издвои некои од темите за кои се дискутираше на Веб-самит и ќе им ги презентира на своите читатели во кратки црти.

Свеченото отворање на конференцијата, на коешто свое обраќање ќе имаат еден дел од нејзините основачи, Педи Козгрејв и Урсула фон дер Лејен, претседател на Европската комисија, може да го проследите тука

Клучни зборови: