Секоја година во изминатава декада, Media Solutions и KeepAnEye го организираат изборот за сајт на годината. Избор за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и да ги поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија.
Веб-сајтовите што учествуваат во изборот за Сајт на годината, може да бидат пријавени од секој интернет-посетител на сајтот sajtnagodinata.mk преку формуларот за пријавување. Секој интернет посетител може да пријави минимум по еден сајт во една од понудените категории, односно по еден сајт во секоја од понудените категории. Притоа еден ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории, а категориите за избор се следниве: Најдобар сајт за 2020 година, Најдобар забавен сајт, Најдобар сајт за вести и информации, Најдобар спортски сајт, Најдобар блог, Најдобар мобилен сајт, Најдобар сајт за мобилна апликација, Најдобар корпоративен сајт, Најдобар сајт за е-трговија и огласи, Најдобар сајт за образование, наука и култура, Најдобар сајт за невладини организации, Најдобар сајт за владини/државни институции, Најдобар сајт за ИТ и електроника, Најдобар сајт за финансиски услуги, банкарство и осигурување, Најдобар сајт за туризам и угостителство, Најдобар сајт за автомобилизам, Најдобар сајт за мода и убавина, Најдобар сајт за храна и здравје. Па доколку имате некој ваш фаворит за секоја или барем за некоја од овие категории, повелете и номинирајте го. Бидејќи оваа вест ја читате тука, се надеваме дека вашата номинација за Најдобар сајт за образование, наука и култура и за Најдобар сајт за ИТ и електроника ќе биде токму emiter.com.mk .
На крајот, по завршувањето на периодот за номинирање, изборот ќе се врши со гласање, на тој начин што секој посетител на веб-страницата на Сајт на годината ќе има можност онлајн да гласа за најдобрите сајтови. Притоа секој интернет-посетител ќе може да распредели 3 гласа во секоја категорија, и тоа 10, 6 и 2 поени.