Денес еден друг индикатор, седумдневната стапка на леталитет (сината линија на дијаграмот на втората слика) достигна речиси рекордно ниско ниво од само 1,91%. Во просек толку проценти починале во изминатите 7 дена од дијагностицираните пред 10 до 16 дена. Пониска стапка на леталитет имало само еднаш, во неделата која завршила на 13 август. Додуша, со дневниот број на тестирања сме близу до лимитите, па со намалената стапка на позитивни тестови ниту можеме да откриеме повеќе нови случаи...