Корпорацијата Сони Груп, попозната едноставно како Сони (SONY), е јапонска мултинационална конгломератна корпорација со седиште во Канан, Минато, Токио. Компанијата е еден од најголемите светски производители на електрон и ски уреди за професионална намена и за широка потрошувачка, најголем производител на конзоли за видеоигри, втор по големина издавач на видеоигри, втора најголема компанија за плочи, како и една од најсеопфатните медиумски компании. Со 50% удел во пазарот на сликовни сензори, Сони се уврстува и меѓу лидерите за продажба на полуспроводници, а од 2015 година компанијата е петти по големина производител на телевизори во светот, според годишните бројки за продажба. Таа е најголемиот играч во светот во доменот на премиум ТВ сетови – телевизори со големина на екранот од најмалку 55 инчи (140 сантиметри) и со цена повисока од 2500 американски долари.